Почетна Убавина и здравјеЕксплицитни детали и актери во невиден љубовен занес – Убавина и здравје

Експлицитни детали и актери во невиден љубовен занес – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Најдолгата сцена со интимен однос на филм се случила на снимањето на Don’t Look Now

Жешките сцени на телевизија се вообичаени денес, но во далечната 1973 година, една посебна сцена на крајот била исфрлена од филмот, бидејќи била многу експлицитна.

Станува збор за интимната сцена од филмот Don’t Look Now, со сега покојниот Доналд Сатерленд и Џули Кристи.

Во можеби најконтроверзната улога во својата кариера, Сатерленд го глуми Џон Бакстер, кој заедно со сопругата тагува поради неодамнешната смрт на нивната мала ќерка и среќава две постари калуѓерки, од кои едната е видовита и му носи предупредување.

Овој филм бил толку експлицитен што Британскиот одбор за класификација на филмови ја прогласил таа интимна сцена за неприфатлива за публиката.

Сега, децении по неговата премиера, со сигурност може да се каже дека постојат сцени што ја надминуваат оваа по својата вулгарност, но филмот станал познат по тоа што телевизиите одбиле да го емитуваат.

Поврзани објави

Со рејтинг од 93 отсто на Rotten Tomatoes, критичарите апсолутно го обожавале филмот поради неговата острина и приказот на тагувањето.

„И покрај тоа што е познат по секс-сцената, филмот на Николас Рог од 1973 го одбегнува сензационализмот на Холивуд, додека тагата ја претвора во чудовиште“, напишал еден критичар.

Доналд Сатерленд почина минатиот месец на 88 години, а неговиот син, актерот Кифер Сатерленд ја објавил веста за неговата смрт на својата инстаграм-страница.

„Со тешко срце морам да ви кажам дека татко ми Доналд Сатерленд почина. Сметам дека тој е еден од најважните актери во историјата на филмот“, напишал Кифер меѓу другото.

Арја Старк проговори за секс сцената во “Игра на тронови”: “Беше навистина непријатно”