Многумина мислеа дека заради неа се развел со сопругата, но актерката ги негира таквите наводи.
Џулија Робертс и Даниел Модер ја прославија 21-годишнината од бачниот живот. По тој повод, на инстаграм-профилот на оскаровката осамна нивна стара заедничка фотографија, која таа ја опиша како „вистинска љубов“.
Инаку, холивудката актерка и режисерот се во брак од 2002 година, а се запознаа две години претходно на снимањето на филмот „Мексиканецот“.
Во тоа време, Даниел сè уште беше во брак со првата сопруга Вера Стајмберг, со која се разведе истата година кога се венча со Робертс.
Поврзани објави
Разводот им се случи сам по себе, без мене, откри Џулија во шоуто на Опра Винфри.
Во 1995 година, таа се разведе со музичарот Лајл Ловет со кого беше две години. Со Даниел има три деца, близнаците Хејзел и Финеус (18) и помладиот син Хенри (16).
Двојката се труди својот приватен живот да го држи подалеку од јавноста, а заеднички фотографии објавуваат само за посебни пригоди, како оваа за годишнината.
Сакаме да ги заштитиме децата. Не сакаме некој да им ја нарушува приватноста, рече Џулија Робертс.
Фото: Инстаграм