Сигурни сме дека ги сакате или дека ќе ги засакате исто како и ние
Четврта година по ред одбираме ЅВЕЗДИ НА УБАВИНАТА! Креативниот проект UIZ Beauty Awards, во организација на списанието „Убавина и здравје“, има за цел да ги промовира НАЈдобрите, НАЈбараните и НАЈпродаваните производи во индустријата за убавина.
Ве покануваме да гласате за вашите фаворити на инстаграм-профилот ubavinaizdravje.mk и да ни помогнете заедно да ги одбереме најдобрите од најдобрите производи во различни категории. Секој ден на story ги споделуваме производите кои ѝ го привлекоа вниманието на редакцијата, а вие гласајте, коментирајте и предлагајте ги вашите бјути-херои!
Поврзани објави
„Убавина и здравје“ редовно ги следи и споделува сите новитети и трендови од индустријата за убавина, па затоа, еднаш годишно го вперуваме рефлекторот во некои од производите кои заслужуваат статус на ѕвезди.
Време е да ги споделите со нас тајните на вашата убавина, бидејќи UIZ Beauty Awards 2025 официјално започна! Следете нè на Инстаграм и дознајте кои се производите што ја обележаа минатата, а ќе бидат хит и оваа година!