„Во 2018 пред европските избори имавме акционен план против дезинформациите и имавме и Кодекс на практики и ова беше прв пат големите платформи да бидат вклучени од страна на европските институции. Од оваа година имаме акт за дигитални услуги, јасна регулатива од европските институции која е во сила и која има одредени одговорности за контрола на големите платформи. Усогласувањето на легислативата со онаа на ЕУ е нешто што Западен Балкан мора да го направи. ЕУ е партнер и најголем инвеститор на Западен Балкан, но има манипулативни наративи кои се шират во обид да прикажат една поинаква слика што нас во Брисел ни е јасно“, рече Јелишиќ, изразувајќи задоволство за усогласеноста на лидерите од Западен Балкан во борбата против манипулациите и хибридните напади.

Таа порача дека во борбата против дезинформациите важна е професионализацијата на медиумите, медиумската едукација за критичко размислување, делувањето на граѓанското општество и институциите.Карлос Хернандез-Ечеварија, Maldita.ес рече дека проверката на фактите во ЕУ игра многу важна улога и се надева дека тоа ќе се примени во сите земји-членки и земјите аспиранти„Борбата е големите платформи да станат одговорни и отчетни. Решенијата на властите за масовните платформи, а во врска со дезинформациите, мора да бидат глобални и низ цела Европа, затоа што дезинформациите, а посебно во Европа, не познаваат граници. Главниот проблем во ЕУ во врска со ова прашање е тоа што мора да се развие еден модел кој ќе биде во интеракција со овие за справување со дезинформациите“, рече Хернандез-Ечеварија.Хернандез-Ечеварија исто така истакна дека проверувачите на факти треба да бидат попроактивни и поотворени и да ги почитуваат воспоставените стандарди за дистанцирање од политиката. Тој додаде и дека најважната работа што можеме да ја направиме е да овозможиме медиумска едукација и критичко размислување, не само кај децата, туку и кај целото општество.Јелена Берковиќ од Фактограф од Хрватска рече дека проблемот со дезинформациите е глобален и затоа мора да има и глобално решение. Истовремено, таа повика за одржување на високите стандарди за проверка на фактите„Мораме систематски да изградиме една фактичка реалност околу нас. Фиксни координации што луѓето во општеството мора да ги имаат за да веруваат во системот и да учествуваат во она што треба да се направи. Од голема важност е улогата на граѓанското општество, особено што проверувачите на факти започнаа со строги стандарди и Фактограф каде што членувам јас, мора да направи некакви промени за да се прилагоди на овие стандарди. Со нетрпение очекувам европската мрежа да се прошири и надвор од ЕУ и да ги собере сите оние кои се заинтересирани да вршат проверка на факти според овие високи стандарди. Ако се придржувате на високите стандарди, ќе можете да бидете дел од странките на масата на која се големите носители на одлуки, како што се владите“, рече Берковиќ.



Фитим Гаши од „Сбункер“ од Косово, рече дека по однос на прашањето за дезинформациите, Косово е специфичен случај, и спомна неколку случаи каде паралелно со политичките случувања во земјата се произведуваат и дезинформации, на кои повеќето изворот им е во Србија.„За граѓаните кои живеат во северниот дел главен проблем е немањето пристап до информации, можеби и поради етничката поделеност граѓаните од тој дел не се информираат од мејнстрим медиумите, туку од белградските медиуми. Главните дезинформации се поради договорот, тоа е тема од интерес за Косово. Има и дезинформации за војната во Украина, преведени од српските медиуми, за постоење на платеници од Косово. Имаше дезинформации кои имаа за цел да го претстават Косово како ентитет кој не е стабилен. Институциите треба да бидат максимално транспарентни, медиумите и граѓанското општество да ја одиграат својата улога во обелоденувањето на дезинформациите, а медиумската едукација да почне од најрана возраст“, рече Гаши.Инаку, овогодинешното издание на e-Општество.мк траеше 2 дена и се состоеше од 7 панел дискусии, 2 инспиративни говори, 1 телевизиска дебата и 1 проекција на филмот „Сестри“ на Дина Дума (во Кинотеката на Северна Македонија).Активисти, експерти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко ги споделија своите ставови и мислења за дигиталната трансформација на јавната администрација и општествата во Западен Балкан, почитувањето на човековите права на интернет, надзорот и обработката на биометриските податоци, приватноста, последиците од кибер насилството во реалниот живот, како и премостувањето на родовиот јаз во кибернетската сигурност.На Конференцијата имаше и дискусии за наративите во дезинформациите, ефектите од дезинформациите и штетните странски влијанија врз демократијата во Северна Македонија, како и безбедносните закани за демократијата и европските напори за борба против дезинформациите.