Почетна ТехнологијаApple оваа година ќе ја пушти Communications Safety функцијата за сите корисници во светот

Apple оваа година ќе ја пушти Communications Safety функцијата за сите корисници во светот

од nenad
1 минути читај за

Communications Safety е функција достапна кај iOS, iPadOS и macOS, која во главно е наменета за помалите корисници, поточно нивна заштита од отворање и гледање на неприкладни слики прекy Messages апликацијата.

Со пуштањето на најновите верзии од овие системи оваа есен, Communications Safety ќе им стане достапна на сите корисници во светот, а засега е достапна само во десеттина земји.

Оваа функција во основа прави скенирање на сликите кои се добиваат или испраќаат преку Messages за тоа дали содржат неприкладна содржина, поточно голотија и слично. Истата ќе им биде автоматски вклучена на корисниците кои имаат помалку од 13 години.

Доколку некоја слика се смета дека содржи несакана содржина, истата ќе биде заматена, а предупредување исто така ќе има и при испраќањето на вакви слики.

Скенирањето на сликите се прави локално на уредот, па приватноста на корисниците би требало да остане заштитена, а посебно што iMessages сервисот нуди шифрирана комуникација која ни Apple не би требало да има пристап до истата.

Оваа година Communications Safety ќе биде проширена да ги опфаќа и видеата, како и содржината која се испраќа и добива преку AirDrop, FaceTime и сликите за контактите. Дополнително, програмерите ќе можат да ја искористат API алатката за да ја вградат оваа функција и во нивните апликации.