„Самата инсталација претставува ликовна комбинација на знакот за пристап до интернет мрежата, во која на едната страна е поставен ликовен приказ на човек кој работи на компјутер и креира лажни содржини кои потоа преку интернет ги шири во онлајн просторот. На другиот крај на композицијата знакот за интернет се трансформира во лик со голем нос, асоцирајќи на носот на Пинокио, односно ја потенцира опасноста од праксата на ширење на лажните вести во онлајн просторот“, велат од Центарот за современи уметности. Дополнително, покрај уметничкото дело стои текст на кои се побиени митови за Европската Унија.
На пример, честа дезинформација која се шири по социјалните мрежи е дека Европската Унија цели да го уништи суверенитетот на индивидуални земји, додека вистината е дека има механизми преку кои се одредува дали некоја одлука ќе биде спроведена на локално, државно или европско ниво. Уметничкото дело е изработено во рамките на проектот „Дезинформации – креативно замаглување на умот“, што заеднички го спроведуваат Центар за современа уметноста, СКУП – Центар за истражувачко новинарство и Националното радио Канал 77. Проектот е поддржан од Програмата за дигитален активизам на TechSoup Global.