Прочитајте што ве советуваат ѕвездите за оваа недела од понеделник 26.06.2023 до недела 02.07.2023 во врска со работата, љубовта и здравјето.
Овен
Работа: Во последната недела од јуни Овенот ќе има многу планови и идеи, а околностите ќе ви бидат во прилог и ќе можете да реализирате поголем дел од вашите замисли. Среќата е на ваша страна, потрудете се. Односот со оние со кои работите ќе биде на многу коректно ниво. Иновациите во деловниот сегмент што сте го започнале треба да ја покажат својата профитабилност. Во овој период постои загриженост за некои неподмирени обврски или долгови. Можно е да треба да одвоите поголема сума за трошоци, па бидете внимателни.
Љубов: За Овните кои се во емотивни врски продолжува многу убав период полн со добра забава, излегувања и дружење. Вие и вашиот партнер сте на многу слични бранови должини, а вашата врска е постабилна од кога било досега. Многумина од вас ќе ја израдуваат својата сродна душа со некаков план за патување или одмор. Слободни, доколку не сте запознале интересна личност и не сте започнале комуникација, во овие седум дена ќе имате барем една солидна можност. Колку ќе ви биде привлечно зависи од вас.
Здравје: Здравјето генерално добро. Можни проблеми може да предизвикаат респираторниот систем и алергиските реакции. Се препорачува претпазливост за астматичари.