Боба Живојиновиќ пред медиумите истакна дека целото семејство се гордее со Лепа Бренa, бидејќи и покрај скршеницата успеала да го одржи концертот до крај.
Пејачката Лепа Брена синоќа на третиот концерт во Загреб го скрши скочниот зглоб, поради што мораше да оди на операција. Имено, додека таа чекала во спуштениот лифт за да излезе на сцената, камерман паднал низ дупката и удрил врз неа, нанесувајќи и повреди на пејачката.
Брена по операцијата се огласи на својот Инстаграм профил и порача дека интервенцијата поминала добро, како и дека и претстои долго закрепнување.
Сега за медиумите проговори сопругот на пејачката, Боба Живојиновиќ, кој изјави дека моментално е во Дубаи и дека многу се загрижил кога слушнал што се случило.
Поврзани објави
Бев на првиот концерт на Брена и поради околности морав да дојдам во Дубаи каде имав закажани средби. Планирав да се вратам на концертот кој беше закажан за 16 декември, но утрово ме фати неподготвен оваа вест. А пред тоа, пред концертот, сите бевме среќни и со нетрпение го очекувавме концертот. Сите сме горди на неа што одржа концерт со скршена нога, тоа покажува колку е професионалец и дека никогаш не сакала да ја напушти својата публика“ – вели Боба.
Боба потоа додаде дека нивниот син Виктор цело време бил со пејачката.
Фото: printskrin Youtube/Blic TV
ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ: