Напиток од мед и цимет.Многумина пред спиење имаат свои ритуали од кои не се откажуваат и пиењето на вкусни чаеви е едно од нив. Меѓутоа, нутриционистите нудат разни трикови кои помагаат во губењето на килограмите, а во кои се вклучени разни напитоци.Еден напиток има посебно место, а станува збор за мешавина на медови, цимет и вода кој се пие пред спиење за да се забрза метаболизмот. Освен за слабеење, циметот и медот содржат безброј хранливи состојки и го зајакнуваат метаболизмот, го чуваат здравјето на срцето, успешно се борат против инфекциите и се одлични антиоксиданси. Поврзани објавиНапитокот се подготвува така што во 250 мл вода ставате лажица цимет и две лажици мед. Половина од напитокот треба да го испиете половина час пред спиење, а половина наутро кога ќе се разбудите. Истражувањата покажаа дека континиутетот на употреба на циметот помага да се намалат воспаленијата, го регулираат стресот, го намалуваат нивото на шеќер во крвта и поттикнуваат губење на масните наслаги.Овој напиток е здрав и одлично помага во борбата против килограмите, но не заборавајте дека регулирањето на исхраната и вежбањето е неопходно за резултатите да бидат видливи.
Пред спиење испијте го овој напиток и намалете ги килограмите – Убавина и здравје
76