Почетна МакедонијаАпел за помош: Невремето го уништи домот на семејството Николовски од Делчево, потребни се средства за санација на штетите

Апел за помош: Невремето го уништи домот на семејството Николовски од Делчево, потребни се средства за санација на штетите

од nenad
1 минути читај за

Почитувани читатели на Инфомакс, Ве замолуваме доколку сте во можност да помогнете и да ја покажеме нашата хуманост.

Поплавите во Делчево предизвикаа огромни штети низ целиот град, поплавени се многу домови и објекти. Споделуваме апел за помош за санација на штетите предизвикани од невремето во домот на семејството Николовски.

Скромниот дом на Николовски е речиси целосно уништен по поплавите во Делчево, оштетен е речиси целиот мебел, а потребни се и поправки на штетата предизвикана од водата во целата куќа.

Се работи за мајка, ќерка и мало двегодишно детенце.

Ве замолуваме сите кои сте во можност да донирате средства на следната трансакциска сметка на Драгица Николовска во Стопанска банка.

Трансакциска сметка: 200002037390223

Однапред ви благодариме за хуманоста.

Leave a Comment