Популарните водителки од Канал 5 телевизија, кои сме навикнати да ги гледаме сериозни, водејќи ја утринската програма „Здраво Македонијо“, вчера за прв пат јавноста ги виде весели и расположени, во момент кога и те како им се погоди песната.Милена Антовска Станковска, Вера Мештеровиќ и Александра Пановска Илиевска, одлучија порано да го прослават доаѓањето на новата година, па уште на почеток на декември во една скопска кафеана направија „фешта“ за која долго ќе се зборува.Имено, на водителките на увце им свиреа тамбураши, а веселата атмосфера придонесе цела вечер да се „на нозе“ и расположението да не падне ниту еден момент. Вака изгледа кога трите грации се во севдах… Поврзани објавиНа забавата беше присутен нивниот уредник и водител, Роберт Јанков, како и новинарката Бисера Ловачева која е задолжена за линковските вклучувања во живо во утринската емисија.Она што сите го забележаа е дека недостига шармантната Јелена Спенџарска, но таа беше отсутна од оправдани причини. Викендот го поминува на гости кај нејзиното момче кое живее во Солун. Па колегите не и се налутија, бидејќи, љубов е во прашање-нели. Она што е важно, е дека Јелена никогаш не била посреќна и поисполнета, а тоа го забележуваат и нејзините фанови кои ја следат на Инстаграм.
Вака РАСПОЛОЖЕНИ не сте ги виделе! – Убавина и здравје
77
претходен текст