97
Од денеска заедно со советничката Гордана Ивановски Велковска присуствуваме во дводневна посета на збратимената општина Тиват. Оддадовме почит пред споменикот на паднатите борци од НОБ во Тиват, а исто така присуствувавме на манифестацијата по повод церемонијалното предавање на знамето на одредот на Бокељската морнарица. Присуствувавме и на Свечената седница која се одржа во рамки на одбележување на 21. ноември, поточно денот на ослободување на градот Тиват.
На мое огромно задоволство јас и г-динот Миленко Филиповиќ поранешен Градоначалник на Сремски Карловци сме прогласени за почесни граѓани на Општина Тиват. Во центарот на Тиват именувани се “улица Карпошка” и “улица Сремско Карловачка” во чест на долгогодишната соработка како збратимени општини. Благодарам пријатели од Тиват!

