Македонското друштво “Илинден“-Тирана ви го честита 29 Ноември 1944 година – Денот на ослободувањето на Албанија од нацифашистичката окупација.
Овој значаен историски ден претставува потсетник на борбата за слобода, на жртвите и на стремежите за живот во мир, достоинство и во слободна држава.
На овој празничен ден ја истакнуваме важноста на мирот, соживотот, солидарноста и меѓусебното почитување како темелни вредности за изградба на демократско и праведно општество.
Македонците во Албанија учествуваа во Антифашистичката националноослободителна борба, давајќи свој придонес во борбата за ослободување на земјата.
Посакуваме овој значаен ден да донесе надеж, благосостојба и напредок за сите граѓани на Република Албанија, стои во честитката на друштвото потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.
Post Views: 42
Извор : vesnik-ilinden.com