Во периодот на раководење на генералниот директор Бурим Љатифи со АД МЕПСО, конечно беше деблокиран долгогодишно закочениот проект за енергетска интерконекција со Албанија, стратешки потфат од огромно значење за енергетската стабилност и регионалната соработка.
Дополнително, беше потпишан Меморандум за соработка со косовскиот преносен оператор КОСТТ со што се отвора патот за заедничка прекугранична соработка на проектот за уште една стратешка интерконекција со Косово, 400 kV далекувод од Тетово до Призрен кој има потенцијал да прерасне во клучна оска за енергетското поврзување меѓу двете земји. Овие иницијативи не се само технички проекти туку се и важен дел од нашата политичка и економска интеграција во регионот.
Post Views: 19
Извор : vesnik-ilinden.com
Македонија: МЕПСО инвестира во енергетско поврзување со Албанија и Косово