Почетна Убавина и здравјеКуче упадна на свадба и ги насмеа сите присутни! Погледнете што направи (ВИДЕО)

Куче упадна на свадба и ги насмеа сите присутни! Погледнете што направи (ВИДЕО)

од nenad
2 минути читај за

Додека двете невести стоеле пред матичарот, неочекуваниот четириножен гостин направил вистински хаос – ѝ го повлекол превезот на едната невеста, а потоа избегал од сите обиди да го фатат.

Свадбената церемонија на Марсела Мореира (41) и Мерилин Бергамо (44), одржана во бразилскиот град Сао Жозе до Рио Прето, добила неочекуван пресврт кога на прославата се појавило куче кое успеало да ја украде целата атмосфера.

Додека двете невести стоеле пред матичарот, кучето ѝ го повлекло превезот од главата на Марсела, а потоа вешто им бегало на гостите кои се обидувале да го фатат. Необичната ситуација предизвикала смеа меѓу присутните, а еден од кумовите успеал да го сними целиот момент.

Свадбата се одржала на 21 ноември, а видеото набрзо стана хит на социјалните мрежи, каде што собра повеќе од 103.000 прегледи.

Марсела раскажала дека кучето било во близина уште пред почетокот на церемонијата, но гостите го забележале дури кога невестите застанале пред матичарот. Се претпоставува дека животното се исплашило од гужвата и затоа го повлекло превезот.

Една од кумите, која воедно била задолжена и за фризурата на невестата, накратко се загрижила за изгледот на Марсела и фотографиите од свадбата.

Сепак, невестите ситуацијата ја прифатиле со смеа и добро расположение.


Поврзани објави

Невозможно е да не се насмееме секојпат кога ќе го погледнеме видеото. Го гледаме најмалку 20 пати дневно“, се пошегувала Марсела.

Таа додала дека неочекуваниот гостин им помогнал да ја намалат тремата и дека токму поради опуштената атмосфера свадбата станала уште поспецијална.

Инаку, кучето не било единствениот четириножен гостин. Двојката има и јазовичарка по име Нутела, која имала посебна задача – да ги донесе венчалните прстени. По свадбата, невестите планираат меден месец во Монтевидео, Уругвај, каде што се надеваат дека ќе го гледаат финалето на Копа Либертадорес. Двете навиваат за бразилски Палмеирас, кој ќе се соочи со аргентински Естудијантес.

Screenshot: Instagram