Почетна Убавина и здравје(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

од nenad
1 минути читај за



Пејачката Наташа Беквалац на Инстаграм сподели фотографии од новата модна комбинација, во која носеше елегантен фустан во бордо боја.

Фотографиите ги објави на Инстаграм-приказна. Фустанот е долг, изработен од мек, набран материјал во бордо боја. Горниот дел има висока јака и богати набори што се спуштаат по телото, додека страничните изрези го откриваат струкот и тетоважата на колкот.


Поврзани објави

Платинестата руса коса ја носеше пуштена, во долги слоеви со шишки кои го врамуваат лицето.

Изгледот го заокружи со шминка во нежни тонови, нагласенo руменилo и кармин во боја на кожа, како и со темен лак на ноктите, усогласен со бојата на фустанот.