Почетна Убавина и здравјеОбожавате топло чоколадо од празничните штандови? Пробајте го овој рецепт со необичен додаток! Се подготвува за само 15 минути

Обожавате топло чоколадо од празничните штандови? Пробајте го овој рецепт со необичен додаток! Се подготвува за само 15 минути

од nenad
1 минути читај за

Богатиот вкус на темното чоколадо во комбинација со суптилната лутина на чилито создава совршен топол напиток за студените зимски вечери. Се подготвува за само 15 минути!

Тешко е да се замислат празничните денови без шолја топло чоколадо. Овој омилен зимски напиток лесно можете да го подготвите и дома, а доколку сакате да пробате нешто поинакво, ви предлагаме верзија со чили.

Комбинацијата од интензивниот вкус на темното чоколадо, ароматичниот цимет и благата лутина на чилито ќе ве стопли и ќе ви донесе вистинско празнично уживање. Рецептот е едноставен, а подготовката трае околу 15 минути.

Потребни состојки:

  • 130 г темно чоколадо, исечкано на парчиња

  • 470 мл млеко по избор

  • 1 лажичка цимет

  • 1 лажичка екстракт од ванила

  • 1–2 прстофати сол

  • 1 чили пиперка, пресечена по должина и исчистена од семките

  • 2 лажички кокосов шеќер, или повеќе по вкус

  • По желба: малку рум, бренди или ликер „Гранд Марние“

Начин на подготовка:

1. Растопете го чоколадото

Во помал сад, на средна температура, ставете го исечканото чоколадо со малку млеко. Мешајте додека целосно не се растопи.

2. Додајте ги ароматичните состојки


Поврзани објави

Додајте го преостанатото млеко, циметот, ванилата и солта. Ставете ја и половината чили пиперка, па загревајте ја смесата речиси до вриење.

Тргнете го садот од оган, поклопете го и оставете го напитокот да отстои околу 10 минути за да се соединат вкусовите. Потоа извадете ја чили пиперката.

3. Засладете по вкус

Постепено додавајте шеќер, лажичка по лажичка, додека не ја постигнете посакуваната сладост. Наместо кокосов шеќер, можете да употребите кафеав шеќер или мед.

Ако сакате верзија за возрасни, на крајот додајте малку рум, бренди или ликер.

4. Послужете веднаш

Истурете го топлото чоколадо во шолји и послужете го додека е топло. По желба, украсете со малку цимет.

Фото: pexels