Популарната пејачка Гоца Тржан отворено зборуваше за актуелните случувања во нејзината кариера, реалните трошоци зад големите концертни продукции, новогодишните хонорари на естрадата, но и за тоа дали својата кариера би ѝ ја доверила на ќерката Лена.
Објаснувајќи зошто вториот концерт во белградскиот „Сава центар“ го планира дури за напролет, пејачката истакна дека претпочита природен ритам на работа наместо вештачко создавање еуфорија:
Вториот ‘Сава центар’ ќе го закажеме најверојатно во мај. Ноември и декември веќе ми се пребукирани и не можам да се носам со 50 настапи во два месеци. Се трудам органски да ги продавам влезниците и органски да ги полнам салите. Тоа што некој не ја продал првата сала, а закажува втора за да создаде вештачки хајп — тоа е вложување во маркетинг и го почитувам кај оние што имаат пари за тоа, но јас одам целосно органски“, објасни таа.
Тржан се осврна и на честата заблуда во јавноста дека сите приходи од големите концерти остануваат кај изведувачот, нагласувајќи дека трошоците за закуп на сала, музичари, сценографија, озвучување, даноци и авторски права се огромни, поради што на пејачот на крајот му остануваат околу 40 проценти, додека високите новогодишни хонорари ги оцени едноставно — секоја понуда вреди онолку колку што некој е подготвен да ја плати.
На прашањето дали, по примерот на некои нејзини колеги, би ја вклучила ќерката Лена во својот професионален тим, Гоца одговори потврдно и со доза на хумор, додавајќи дека во својата 32-годишна кариера никогаш немала непријатности зад сцената:
„Апсолутно да. Лена е исклучително способна, барем со мене успешно се пазари. Имам 32 години кариера и не сум доживеала ниту една грда работа. Сè е прашање на став и на тоа како ќе се поставиш“, порача пејачката во својот препознатлив стил.