Почетна Убавина и здравје„29 години без мојата Анче…“! Реакции на социјалните мрежи, емоциите не запираат (ВИДЕО) – Убавина и здравје

„29 години без мојата Анче…“! Реакции на социјалните мрежи, емоциите не запираат (ВИДЕО) – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за



На годишнината од нејзиното заминување, актерот и музичарот се присети и на денот кога неговите родители ја прославувале својата свадба.

Игор Џамбазов денеска со емотивна порака се присети на својата мајка, легендарната македонска актерка Анче Џамбазова. На 29-годишнината од нејзината смрт, тој сподели спомен кој за него носи и радост и голема тага.

29 години без мојата Анче… 64 години од нивната свадба. На истиов датум, ем најголема радост, ем бескрајна тага. Животиште….“, напиша Игор, потсетувајќи дека истиот датум некогаш бил ден на кој неговите родители ја славеле годишнината од својот брак.

Анче Џамбазова почина на 30 септември 1997 година во Скопје, на 55-годишна возраст. Таа беше ќерка на легендарниот актер Петре Прличко и остави значаен белег во македонската глумачка сцена.


Поврзани објави

Публиката ја памети по бројните улоги, меѓу кои и оние во „Мирно лето“ и „Македонски народни приказни“. За нејзиниот син, сепак, таа пред сè останува мајка чиј спомен и по речиси три децении продолжува да буди силни емоции.

Принтскрин социјални мрежи