Почетна Убавина и здравјеОд овие петмина, ТОЈ убедливо е најужасен – Убавина и здравје

Од овие петмина, ТОЈ убедливо е најужасен – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Актерката Џенифер Лоренс е позната по тоа што нема „влакна на јазикот“, па не криела ни кој филмски партнер најлошо се бакнува

Џенифер Лоренс неодамна гостувала во емисијата „Watch What Happens Live“ на Енди Коен, каде што се појавила заедно со Џош Хачерсон, нејзиниот долгогодишен колега од филмската франшиза „Игри на гладните“. Водителот ја замолил актерката да рангира петмина свои колеги според тоа колку добро се бакнуваат, а Лоренс со насмевка ја прифатила задачата, веднаш нагласувајќи дека „сите биле неверојатни“.

На петтото место се нашол Крис Прат, ѕвездата на филмот „Патници“. Лоренс не криела дека одредени емоционални околности ѝ ја отежнале нивната соработка. Уште во 2015 година открила дека морала да се напие пред снимањето на интимните сцени со Прат бидејќи се чувствувала исклучително непријатно. Во тоа време актерот бил во брак со Ана Фарис, па самата помисла дека треба да се бакнува со оженет маж предизвикувала кај неа чувство на вина. Џенифер подоцна појаснила дека Крис бил „прекрасен и мил“, а непријатноста всушност произлегувала од присуството на филмската екипа. Сепак, очигледно е дека искуството ѝ останало во сеќавање.

Четвртото место му припаднало на Тимоти Шаламе, со кого Џенифер се бакнала во комедијата „Don’t Look Up“. Со оглед на тоа што Шаламе е шест години помлад од Лоренс, а нивниот бакнеж на филмското платно бил повеќе сатиричен отколку романтичен, ова рангирање и не е големо изненадување.

На третото место се нашол Бредли Купер, со кого Лоренс глумеше во филмовите „Silver Linings Playbook“, „Serena“ и „American Hustle“. Нивната заедничка изведба во „Silver Linings Playbook“ ѝ донесе Оскар на актерката, па третото место повеќе изгледа како признание за нивната успешна професионална соработка отколку како лична оценка.

Второто место му припаднало на Лиам Хемсворт, уште еден нејзин колега од „Игрите на гладните“. Нивниот однос отсекогаш бил проследен со шеги. Актерката еднаш признала дека таа и Хемсворт „пораснале заедно“ и дека тој бил „навистина згоден“. Но, Лиам се присетил и на една помалку романтична навика на својата колешка: Џенифер намерно јадела лук или туна пред сцените со бакнување за да го доведе во непријатна ситуација. Подоцна, сепак, го уверила дека тоа го правела ненамерно.


Поврзани објави

Без двоумење, првото место му го доделила на Џош Хачерсон, кој седел покрај неа на каучот во студиото. Нејзиниот избор предизвикал вистинска еуфорија, а Хачерсон реагирал толку воодушевено што ја кренал тупаницата во знак на победа, како штотуку да освоил некоја голема награда. За актерите, кои поминале години заедно снимајќи ја филмската франшиза, ова признание било своевидна потврда за хемијата што публиката ја забележала и на филмското платно.

И самиот Хачерсон признал дека нивниот прв бакнеж пред камерите бил „малку груб“, но ако се суди според реакцијата на Лоренс, годините заедничка работа очигледно придонеле за нивната блискост. Нивната приказна на големото платно е приказната за Кетнис Евердин и Пита Меларк, двајцата трибути од Округот 12, кои се принудени да глумат заљубен пар за да преживеат во арената, но и надвор од неа. Заедно глумеа во четири филма: „Игри на гладните“, „Гладни игри: Фаќање оган“, „Сојка-потсмевка – Прв дел“ и „Сојка-потсмевка – Втор дел“.

Надвор од филмското платно, нивниот однос уште од почетокот бил исполнет со пријателство и топлина. И двајцата биле млади актери кои речиси прекуноќ се нашле во центарот на вниманието благодарение на огромната популарност на франшизата, што дополнително ги зближило. Останале во контакт и по премиерата на последниот заеднички филм, а во 2023 година, кога нивните филмови „No Hard Feelings“ и „Five Nights at Freddy’s“ речиси истовремено се појавиле во кината, Лоренс му испратила порака на Хачерсон за да му честита за заедничкиот успех на бокс-офисот.

Нивната повторна средба се случила на снимањето на продолжението на приказната, „Игри на гладните: Зората на жетвата“, во 2026 година, а Лоренс ја опишала како длабоко емотивно искуство. Нејзините оценки предизвикале бројни реакции на социјалните мрежи. Корисниците се шегувале на сметка на тоа колку брзо го отпишала Прат, коментирајќи дека очигледно веднаш знаела кој е најлошиот бакнувач од листата.