Познатата водителка и инфлуенсерка истакна дека немаат директен конфликт, но призна дека ја погодил начинот на кој се одвивала ситуацијата околу договорената соработка.
Миа Костова сподели детали за непријатна ситуација поврзана со нејзин претходен ангажман, посочувајќи дека се чувствува повредена од една постапка на Лила. Таа нагласи дека станува збор за договорена соработка за патување за кое веќе била целосно подготвена и спакувана.
Според нејзиното сведоштво, пресвртот се случил ненадејно, откако дознала дека во последните 24 часа, преку различни влијанија и интервенции, на патувањето заминала токму Лила. Костова вели дека овој развој на настаните оставил горчлив впечаток кај неа, иако ситуацијата не ја доживува како класично простување.
Поврзани објави
Истовремено, таа подвлече дека со Лила никогаш немале отворен или директен конфликт и дека не се во лоши односи на ниво на расправија. Дури смета дека таа можеби не е ни целосно свесна за целата приказна што стигнала до неа и за начинот на кој се реализирала промената.
Никогаш нема да и простам. Немам што да и простам на Лила. Јас мислам дека Лила не е ни воопшто свесна за приказната што има стасано до мене, ниту па некогаш сме имале некој директен конфликт. Не сме кој знае колку скарани јас и Лила. Меѓутоа јас сум повредена од една нејзина постапка за којашто пак јас ќе кажам мислам дека Лила не е ни свесна. Се работеше за некоја соработка со некое патување за коешто јас бев комплетно спремна, и спакувана. После тоа дознав дека во последните 24 часа некако преку 100 страни се издејствувало да оди таа.“
Со оваа изјава, Миа Костова ја отвори темата за задкулисните случувања и начинот на кој се менуваат договорите во јавната и маркетинг сфера, оставајќи впечаток дека иако немаат отворена војна, чувството на разочарување кај неа останало.
Screenshot Youtube