Почетна ЕкономијаПолициски претреси во „Макстил“ поради сомнежи за еколошки криминал

Полициски претреси во „Макстил“ поради сомнежи за еколошки криминал

од nenad
1 минути читај за

Полициски службеници влегле во кругот на скопската компанија „Макстил“, каде што се вршат проверки и се испитуваат примероци од почва и суровини поради сомневања за можна поврзаност со кривични дела против животната средина.

Акцијата ја спроведува Единицата за економски криминал и корупција при СВР Скопје, врз основа на претходно добиени оперативни сознанија и со наредба од јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека се преземаат полициски активности во просториите на челичарницата, при што предмет на проверка се почвата и одредени суровини.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за случајот, ниту дали досегашните проверки утврдиле евентуални неправилности.

Од МВР најавуваат дека јавноста ќе биде информирана за резултатите откако ќе завршат сите предвидени активности.