Foto: Facebook/Edi Rama
Албанскиот премиер Еди Рама престојуваше во Берлин, каде што учествуваше на состанокот на високо ниво на „Коалицијата на подготвените“ (Coalition of the Willing), на покана на германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Рама денеска на социјалните мрежи сподели фотоалбум од посетата на германската престолнина, информирајќи за своето учество на средбата што се одржа во Сојузната канцеларија во Берлин.
„Денеска во Берлин, на покана на германскиот сојузен канцелар Фридрих Мерц, во Сојузната канцеларија, за да учествувам на состанокот на високо ниво на ‘Коалицијата на подготвените’“, напиша Рама.
Foto: Facebook/Edi Rama
Учеството на албанскиот премиер на оваа средба ја потврдува активната улога на Албанија како партнер во прашањата поврзани со безбедноста, мирот и стабилноста во Европа, како и нејзината посветеност на соработката со стратешките сојузници.
Состанокот во Берлин е дел од пошироките меѓународни напори за координација и зајакнување на соработката меѓу земјите посветени на безбедноста и стабилноста во Европа.
Извор : vesnik-ilinden.com
Рама во Берлин на покана на Мерц, учествуваше на состанокот на „Коалицијата на подготвените”