На забавата кај Леонардо Дикаприо присуствувале Џеф Безос, но и Орландо Блум, политичарот Џастин Трудо, како и риалити-ѕвезди, како Алабама Баркер
Леонардо Дикаприо на 11 ноември наполни 52 години. Актерот го прослави роденденот со стил, како што и доликува на една холивудска легенда – со приватна забава во луксузна резиденција на Беверли Хилс, на која присуствуваа не само негови колеги актери, туку и милијардери, политичари и музичари.
Папараците не успеале да го фотографираат славеникот. Дикаприо останал доследен на својата навика да ги избегнува камерите, па целата вечер ја поминал во резиденцијата, оставајќи ги гостите на милост и немилост на фотографите. А мора да се признае дека ги имало во голем број.
Меѓу првите што пристигнале било семејството на Леонардо – неговиот татко Џорџ Дикаприо и маќеата Пеги Ен Фарар. Сепак, најголемо внимание привлекле неговите колеги и пријатели.
Тоби Мегваер, неговиот долгогодишен пријател и колега од филмот „Големиот Гетсби“, е редовен гостин на забавите на Дикаприо.
Џона Хил, неговиот колега од филмот „Волкот од Волстрит“, изгледа дека дополнително ослабел.
Ал Пачино, со кого Дикаприо глумеше во филмот „Беше еднаш во Холивуд“, пристигнал во придружба на Нур Алфалах. Кејси Афлек дошол со актерката Кејли Кован, додека Адриен Броди пристигнал заедно со Едвард Нортон и неговата сопруга Шона Робертсон. На забавата присуствувале и Орландо Блум, Емил Хирш и Лукас Хас.
Кара Делевињ се одлучила за сив костум со широки панталони, надополнет со очила за сонце. Елизабет Бенкс избрала фустан со леопардски принт и капут од вештачко крзно, додека Ајс Спајс се појавилa во комбинезон.
Алабама Баркер, 20-годишната ќерка на Тревис Баркер, привлекла внимание со рок-шик издание составено од црн комбинезон, долг црн капут и впечатливи црни чизми со сјајна текстура.
Поврзани објави
Џенифер Мејер, поранешната сопруга на Тоби Мегваер, а денес сопруга на милијардер, избрала мал црн фустан.
На роденденската забава се појавиле и некои ретко видени познати личности од Холивуд. Џеф Безос и неговата сопруга Лорен Санчез исто така биле меѓу гостите. Актерот и бизнисменот се долгогодишни пријатели. Дури и заедно летувале на јахтата на основачот на „Амазон“, Кору – една од најголемите едрилици во светот, чија вредност се проценува на околу 500 милиони долари.
На прославата бил забележан и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо. Неговото име во изминатите месеци се најде во медиумите поради наводната љубовна врска со Кети Пери. Интересно е што самата пејачка не присуствувала на роденденската забава. Можно е причината да е тоа што таму бил нејзиниот поранешен партнер Орландо Блум. Дополнително, нејзиниот поранешен сопруг Расел Бренд неодамна беше осуден за силување.
Атмосферата на забавата дополнително ја разгорел моментот што „Дејли мејл“ го споредил со сцена од филмот „Социјалната мрежа“. Минибус запрел пред резиденцијата, а од него излегла група жени во провокативни комбинации. Меѓу нив била и Кортни Барнер, ѕвездата на реалното шоу „Love Island USA“, облечена во проѕирен бел минифустан. Сцената потсетила на долгогодишната навика на Дикаприо да се опкружува со млади манекенки, и покрај тоа што актерот веќе неколку години е во врска со Виторија Черети. Патем, и таа била меѓу гостите на забавата.
Не е познато кој точно бил музичкиот гостин на вечерта, но според еден арапски медиум, 50 Cent, пријател на Дикаприо, приредил импровизиран настап за присутните.
ФОТО: ИНСТАГРАМ