Вежбањето треба да ве прави среќни и да ве исполнува со енергија. Додека вежбате, во телото се ослободуваат ендорфини, кои ви го подобруваат расположението.
,,Убавина и здравје” заради афирмирање на вежбањето и здравиот начин на живот, започна серијал на презентација на вежби.
Димитар Станишевски има 48 години и во моментов е во топ форма. Тој е поранешен припадник на Специјалните единици, а негова секундарна професија е фитнесот. Вежбањето и спортот за него се љубов која ја пренесува на своите клиенти.
Специјално за читателите на „Убавина&Здравје“ изведе вежби кои го активираат цело тело и ја подобруваат психофизичката состојба на истото. Она што ќе го видите во продолжение е дел од тренинг на отворено и може да се изведува во било кој парк на отворено, а се вежба со сопствена тежина.
Ова се топ 5 омилени вежби на Станишевски…
PULL UPS-ЗГИБОВИ Комплексна вежба во која од висечка позиција на вратило со помош на мускулите во рацете,мускулите на грбот и рамењата ја повлекувате целата сопствена тежина.
Без разлика дали сте почетник или активен спортист згибовите можат да бидат корисни за секој. За почетниците се препорачува користење на спортски ластик,а напредните спортисти можат на себе да додаваат и дополнителна килажа со што би го довеле телото во состојба за изведување на покомплексни вежби.
Згибовите помагаат за:
-да ги зајакнете мускулите на рацете и рамењата
– да го подобрите стисокот во дланките
-да ги зајакнете мускулите на грбот
ABS-sтомачни вежби
Оваа вежба е за централниот дел на абдоменот и се изработува едноставно на рамен под со наизменично подигање на нозете и рацете кон централниот дел на абдоменот.
Правилното дишење има огромно значење во спортот па така од големо значење е дишењето при вежбање на овој вид вежби
Во овој случај вдишуваме кога истовремено ги враќаме рацете и ногата кон земја, а испуштаме воздух во моментот пред да ги допреме рацете со ногата
PUSH UP-СКЛЕКОВИ
Склековите се најосновна сложена вежба која се работи уште во најраните училишни денови
Оваа вежба ги зацврстува мускулите со подигање и спуштање на сопствената тежина на телото користејќи ги рацете додека со лицето сте свртени кон подот. Дланките се поставени во ширина на рамењата, а лактите се придвижени кон телото а нозете се исправени и поставени на прстите од нозете кон земја.
Постојат разни варијанти на изработка на оваа вежба: традиционални склекови, широки склекови, склекови со споени раце пред гради,склекови со отскок итн.
Поврзани објави
Секојдневното вежбање склекови помага да стекнете сила и рутина и да ги зајакнете градите, трицепсот и рамењата
DIPS-РАЗБОЈ
Оваа вежба помага целосно да се добие мускулна маса во горниот дел од телото,трицепс,рамења,гради и грб
Со дланките се држите цврсто на двете рачки
Полека го спуштате телото и ги свиткувате лактовите,нозете ги изолирате наназад
Штом се спуштите најниско тогаш го подигате телото во предходната положба и правите повторувања
Доколку сте почетник оваа вежба изведдувајте ја со помош на спортски ластик за помагање.
SQUATS
Оваа вежба е многу ефикасна, ги активира квадрицепсите,тетивите во колената, бутните мускули ,глутеусот(задникот)и стомачните мускули .
Рашиeте ги нозете во ширина на колковите
Кога добро ке се поставите спуштете се додека вдишувате а со колената следете го правецот на прстите. Исправете го телото.
Се работат повторувања во зависност од вашата физичка подготвеност.
Многу е важно да работите правилно и така ќе го доведете телото до посакуваниот резултат
Текст: Татјана Пуленџовска
Фото и видео: Приватна архива