Од тренинг под Ајфеловата кула до Pilates сесија на брод по реката Сена – Даниела Велинска и тимот на Velina Reformer создадоа искуство кое ги спои спортот, патувањето и женското заедништво
Париз доби поинаква спортска приказна благодарение на една македонска иницијатива која покажа дека пилатесот не мора да биде ограничен само на студиските сали.
Во рамките на дводневна програма, учесниците имаа можност да доживеат две сосема различни, но еднакво впечатливи пилатес-активности на некои од најпрепознатливите локации во француската престолнина.
Првиот ден беше резервиран за пилатес-тренинг на отворено, во непосредна близина на Ајфеловата кула. Вториот ден следуваше уште поуникатно искуство – Pilates Cruise, тренинг на брод додека плови покрај бреговите на Сена, овозможувајќи им на учесниците да уживаат во движењето и прекрасните париски пејзажи.
Но, зад оваа идеја стои приказна која започнува многу подалеку од Париз.
Пилатес пред Ајфеловата кула
Претходно
1 од 4
Следно
Даниела Велинска, дипломиран професор по физичко и здравствено образование, поранешна одбојкарка и основач на пилатес-студиото „Velina Reformer“ од Струмица, е девојката која преку својата љубов кон спортот, движењето и здравиот начин на живот создава нови можности и искуства за жените.
Поврзани објави
Она што започнало како лична визија и желба за создавање сопствен простор за вежбање, денес прераснува во заедница која ги поврзува жените преку многу повеќе од тренинг.
Пилатес-крстарење на Сена
Претходно
1 од 5
Следно
Ова париско патување е уште еден чекор во таа насока – да се излезе од вообичаените рамки, да се поместат границите и да се создадат спомени кои остануваат.
Две различни локации, два дена исполнети со движење и една заедничка енергија.
Приказна која покажува дека и од еден град како Струмица можат да произлезат идеи кои ќе стигнат до светските метрополи.
Бидејќи за Даниела и Velina Reformer, пилатесот никогаш не бил само вежбање. Тоа е начин на живот, поврзување и создавање приказни.