Денес важи за една од препознатливите актерки на српската сцена, но патот на Мирка Васиљевиќ кон јавниот живот започнал многу рано. Уште како петгодишно девојче работела како манекенка и водителка, а нејзината поинаквост не наидувала секогаш на разбирање кај врсниците.
Актерката неодамна се присети дека уште во првите училишни денови била изложена на потсмевање поради начинот на облекување и активностите со кои се занимавала. Особено често била мета на коментари поради љубовта кон фолклорот.
На петгодишна возраст почнав да бидам и манекенка и водителка, па уште кога тргнав во прво одделение бев малку поинаква од другите деца. Секогаш сакав да се облекувам малку поинаку, да презентирам нешто необично“, раскажала Мирка.
„Ми велеа дека сум селанче и дека играм во опинци“
Покрај работните ангажмани, Мирка уште како дете била дел од фолклорно друштво, учествувала на натпревари и настапувала на концерти. Но, наместо поддршка, од некои соученици добивала навредливи коментари.
Бев различна од децата и затоа што веќе одев на фолклорни натпревари, имав концерти со игроорното друштво и слично. И поради тоа слушав секакви погрдни коментари за себе: дека сум селанче, дека играм во опинци…“
Иако признава дека тие зборови ја повредувале, денес на своите детски искуства гледа поинаку. Како особено значаен момент го издвојува патувањето во Мексико, каде што со фолклорното друштво престојувала еден и пол месец.
Тогаш ми пречеше, но мојот живот ги негираше овие нивни коментари, бидејќи со фолклорот бев на турнеја во Мексико еден и пол месец, и мене ми е тоа доволна потврда дека сум правела нешто добро“, вели актерката.
Поврзани објави
Што открила за љубомората и довербата во врската?
Освен за детството, Мирка со години привлекува внимание и поради приватниот живот. Таа е во долгогодишна врска со поранешниот фудбалер Вујадин Савиќ, со кого има четири деца, но двајцата не ја официјализирале врската со брак.
Нивниот однос беше во центарот на медиумското внимание и по обвинувањата за наводна афера на Савиќ со трансродова личност. Стануваше збор за тврдења што предизвикаа голем интерес во јавноста, но Мирка не сакаше јавно да ги коментира деталите.
Во една од своите претходни изјави, актерката зборувала за љубомората во нивната врска, откривајќи дека Вујадин е посклон кон љубомора од неа. Таа, пак, тврди дека никогаш немала потреба да му го проверува телефонот или да ги истражува неговите приватни разговори.
Никогаш во животот не сум му го зела телефонот, дури не ја знам ни шифрата. Не ме интересира. Мажите различно размислуваат од нас жените, а нивните шеги со пријателите и нивните коментари можат да бидат сосема поинакви, па можете сами на себе да си создадете проблем“, изјавила таа.
Мирка објаснила дека не гледа смисла во намерното проверување и барање докази, верувајќи дека вистината, ако треба да излезе на виделина, на крајот сепак ќе стигне до неа.
Ако нешто треба да стигне до мене – ќе дојде. И никој жив не може да го спречи тоа, а ќе дојде кога ќе треба. Зошто да копам, барам и да си играм? Ако успее да скрие нешто, тоа според мене како да не се случило, ‘Секоја чест господине’. А ако дознаам, ќе биде ‘Седни господине’ и ќе видиме што ќе правиме“, рекла актерката.