Почетна Убавина и здравјеКако да ја регенерирате кожата на вашето лице по летните одмори?

Како да ја регенерирате кожата на вашето лице по летните одмори?

од nenad
2 минути читај за

Летото секогаш поминува побрзо отколку што посакуваме. И додека повторно се враќаме во својот секојдневен ритам по сите летни авантури и сончеви денови поминати на плажа, време е да се запрашаме што ѝ е потребно на нашата кожа, затоа што таа можеби не го носи со себе истиот свеж изглед и природен сјај со кој што го започна летото. Сончевите зраци, високите температури, потењето и морската вода влијаат кожата на лицето да стане сува, дехидрирана и чувствителна.

Клучно е есенска рутина за нега на лице да вклучува дерматолошки докажана формула, а кремот за лице Eucerin DermoPure Clinical е силен сојузник за кожа на која ѝ е потребна дополнителна хидратација и регенерација. Со 48-часовна интензивна хидратација, кремот помага да се намали чувството на сувост и затегнатост предизвикано од сончевите зраци и ја обвновува кожната бариера. Она што ја прави формулата особено ефективна е комбинацијата од Symsitive, состојка позната по своето смирувачко дејство, како и регенерирачки церамиди кои помагаат кожата да се заштити и обнови.

Благодарение на лесната текстура и формулата наменета за чувствителна кожа, може да се користи наутро и навечер во комбинација со Dermopure Clinical гелот за миење лице. Резултатот е кожа која изгледа и се чувствува посмирено, помеко и поздраво, токму она што ѝ е потребно по денови поминати на сонце и изложеност на различни надворешни влијанија. Еucerin DermoPure Clinical кремот го намалува и чувството на чешање и иритирации, особено погоден и за оние со чувствителна кожа склона кон акни и неправилности, како и за нега по процедури и третмани против акни, кога кожата може да биде почувствителна и да има потреба од дополнителна поддршка и обновување.

Враќањето во секојдневната рутина е одличен момент да ѝ ја дадете на кожата потребната нега и да ја подготвите за постудените есенски и зимски денови. По летото, не е потребна комплицирана промена, туку внимателно одбрана нега, поткрепена со дерматолошка експертиза, која ќе ѝ помогне на кожата повторно да го врати чувството на свежина, хидратација и негуван изглед.