Table of Contents
Овен
Работа: Разговорите со деловните партнери и клиентите може да отворат прашање за кое ќе биде потребно да донесете посериозна одлука. Не брзајте да прифаќате нови услови, особено ако станува збор за пари или обврски што ќе ги делите со други.
Љубов: Партнерот би можел да побара поконкретен одговор за вашите заеднички планови, па избегнувајте натпреварување и тврдоглавост. Слободните oвни може да доживеат пријатен флерт или да добијат покана за средба од личност што веќе им го привлекла вниманието.
Здравје: Можно е да почувствувате напнатост и замор. Ќе ви годи помирно темпо и доволно сон.
Бик
Работа: На работното место ќе треба да ги усогласите сопствените обврски со барањата на другите, а можно е и повторно да се навратите на договор што не бил реализиран како што било ветено. Разговорите за финансиите или преговорите за условите на работа може да донесат корисно решение.
Љубов: Во врската ќе биде важно да не премолчувате нешто што ви пречи, но и да не дозволите ситниците да прераснат во поголем проблем. Слободните bикови би можеле да забележат дека некој од нивното секојдневно опкружување се обидува да им се приближи.
Здравје: Обрнете внимание на заморот и потребата за одмор.
Близнаци
Работа: Денот е поволен за креативни активности, презентации, преговори и разговори во кои ќе можете да ги покажете своите идеи. Можно е да добиете интересен предлог или вест што ќе ве поттикне да започнете нешто што подолго време го одложувате.
Љубов: Партнерот би можел да предложи излегување или заедничка активност што ќе внесе свежина во вашата врска. Слободните близнаци може да започнат флерт преку пораки или при средба со личност што ќе ги освои со духовитоста и непосредноста.
Здравје: Одлично.
Рак
Работа: Семејните обврски или прашањата поврзани со домот може да влијаат врз вашите деловни планови. Сепак, разговорот со претпоставен или соработник може да ви помогне да најдете компромис и да ги организирате обврските на начин што повеќе ви одговара.
Љубов: Слободните ракови може повторно да воспостават контакт со личност што ја познаваат од порано, но ќе сакаат да се уверат дека зад убавите зборови стојат и сериозни намери.
Здравје: Потребни ви се повеќе одмор и ослободување од дел од семејните и деловните обврски.
Лав
Работа: Разговорите, договорите и деловната документација ќе бараат ваше внимание, но ќе имате можност да изнесете идеја што може да наиде на позитивен прием. Можно е и корисно познанство или контакт што подоцна би можел да ви отвори нови деловни можности.
Љубов: Партнерот ќе посакува повеќе разговори и заеднички поминато време, затоа не дозволувајте обврските да го потиснат приватниот живот. Слободните лавови би можеле да запознаат некого на пократко патување, во соседството, на курс или преку социјалните мрежи.
Здравје: Многу добро.
Девица
Работа: Финансиските прашања ќе бидат во преден план, особено договорите за заработка, наплата или трошоци што треба внимателно да ги распределите. Не донесувајте одлуки врз основа на ветувања. Побарајте јасно дефинирани услови и проверете ги сите детали.
Љубов: Слободните девици би можеле да привлечат личност што ќе го покаже својот интерес преку конкретна покана или гест, наместо само преку допишување.
Здравје: Можно е да почувствувате минлива напнатост. Обидете се да не се оптоварувате однапред со работи што сè уште не се случиле.
Поврзани објави
Терезија
Работа: Ќе бидете во центарот на деловните разговори и ќе имате можност да влијаете врз текот на еден договор. Сепак, не обидувајте се секому да му угодите. Јасно поставете граници и одредете што ви одговара, а што не.
Љубов: Ќе бидете забележани и посакувани, но истовремено ќе сакате да знаете колку другата страна е подготвена да вложи во односот. Терезиите во врска може да надминат недоразбирање преку искрен разговор, додека слободните би можеле да добијат покана или порака што ќе го означи почетокот на ново познанство.
Здравје: Можно е да бидете почувствителни на стрес. Ќе ви годат релаксацијата и малку повеќе време посветено на себе.
Скорпија
Работа: Ќе завршувате работни задачи зад сцената и ќе решавате прашање што засега не сакате да го споделувате со другите. Проверете ги информациите и документацијата, бидејќи можно е повторно да се навратите на некој претходен договор или да откриете важен детаљ што сте го пропуштиле.
Љубов: Нема да сакате да ги откривате сите свои чувства, но партнерот би можел да забележи дека нешто ве мачи. Слободните скорпии може да размислуваат за личност од минатото или да добијат дискретна порака што ќе ги натера да се запрашаат дали таа приказна навистина е завршена.
Здравје: Ќе ви годат мирот, одморот и повлекувањето од преголемата гужва.
Стрелец
Работа: Контактите со пријателите, соработниците и луѓето што ги делат вашите амбиции може да донесат корисна можност за заеднички проект. Сепак, проверете колку се реални ветувањата пред да преземете обврска.
Љубов: Дружењето со пријателите може да добие романтична нота, особено ако се појави личност со која веќе имате добра комуникација. Стрелците во врска треба да ги усогласат своите планови со очекувањата на партнерот и да не ветуваат повеќе отколку што можат да исполнат.
Здравје: Многу добро.
Јарец
Работа: Пред вас е важен деловен разговор, а можно е да треба да ги усогласите професионалните цели со семејните околности. Покажете што сте постигнале, но не влегувајте во расправии со луѓе што го оспоруваат вашиот начин на работа.
Љубов: Партнерот би можел да очекува повеќе време и внимание, додека вие ќе бидете насочени кон обврските и плановите. Слободните јарци може да запознаат некого преку работата или на јавен настан, но познанството најверојатно ќе започне дискретно.
Здравје: Обрнете внимание на напнатоста и заморот. Правете паузи меѓу обврските.
Водолија
Работа: Деловните активности поврзани со странство би можеле да се придвижат од мртва точка, но ќе биде потребно внимателно да ги проверите деталите и роковите. Разговор со поискусна личност може да ви помогне да донесете подобра одлука.
Љубов: Партнерот може да посака да разговарате за заедничките планови и за очекувањата што двајцата ги имате од иднината. Слободните водолии би можеле да се заинтересираат за личност што ќе ја запознаат преку патување или интернет.
Здравје: Одлично.
Риби
Работа: Финансиски договор, исплата или прашање поврзано со заеднички средства ќе бара дополнително внимание. Можно е да треба да разјасните некое претходно ветување или да пронајдете поинаков начин за распределба на трошоците.
Љубов: Во врската ќе биде важно отворено да разговарате за довербата и очекувањата, без да претпоставувате што мисли другата страна. Слободните риби би можеле да почувствуваат силна привлечност кон личност што ќе им покаже интерес, но не брзајте со заклучоците.
Здравје: Можно е да почувствувате минлива напнатост. Ќе ви годат помирно темпо и доволно одмор.