Ако мислевте дека кожениот мантил е резервиран само за есен – време е да размислите повторно. Овој безвременски моден класик, кој со години важи за есенско „must-have“ парче, оваа пролет блеска со полн сјај – и тоа со добра причина.
Совршен одговор на променливото пролетно време
Како што временските прилики постојано нè изненадуваат, сè почесто си го поставуваме прашањето: Што да облечам денес? Токму тука кожениот мантил се издвојува како совршен избор – било да изберете класичен модел од мазна кожа или модерна верзија од велур.
Кожата е идеален материјал за овие променливи денови. Доволно топла за да ве заштити од пролетниот ветер, а сепак лесна кога ќе огрее сонцето. Токму таа рамнотежа меѓу удобноста и елеганцијата го прави кожениот мантил непогрешлив избор за преодниот период.
Моќен изглед со доза на префинетост
За оние кои сакаат да внесат понежен, но сè уште впечатлив изглед, велур-мантилот (односно моделот од превртена кожа) е вистинскиот избор. Особено се бараат варијанти во кафени и карамел-нијанси, кои совршено се комбинираат со пастелните тонови карактеристични за пролетната гардероба.
Деталот што прави РАЗЛИКА
Поврзани објави
Речиси правило кај кожените мантили е – ременот. Тој не само што визуелно ја истакнува фигурата, туку додава и структура и динамика на целиот стајлинг. Со него, секој изглед добива доза софистицираност и „wow“ ефект.
Како да го стилизирате кожениот мантил?
За дневни комбинации, класиката никогаш не греши: фармерки, едноставна бела маичка и кожен мантил – лесно, лежерно, но впечатливо.
За вечерни излегувања, доволно е само да додадете фустан и добар пар чизми – и подготвени сте да го освоите градот!
Кожениот мантил е модно парче во кое вреди да се инвестира – бидејќи е разноврсен, шик и секогаш во тренд.
Истражете ги најновите модели во продавниците и пронајдете го совршениот кожен мантил што ќе го носите со самодоверба цела сезона!
Текст: Убавина и здравје
Фото: Инстаграм