Почетна Убавина и здравјеТоше Зафиров откри во што е тајната на нивниот брак и зошто не се плаши од неверство – Убавина и здравје

Тоше Зафиров откри во што е тајната на нивниот брак и зошто не се плаши од неверство – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Што сакаат жените и како нивните желби и очекувања изгледаат низ машките очи? Дали мажите и жените навистина се разбираат или понекогаш зборуваат на различни јазици кога станува збор за љубовта, партнерството и секојдневните односи? Овие прашања беа во фокусот на разговорот „Што сакаат жените – низ призмата на мажите“, кој се одржа на Profemina 2026.

Еден од панелистите беше Тоше Зафиров, шампион во бодибилдинг, кој искрено проговори за љубовта, машкото его, љубомората и сопругата Габриела, со која заедно го граделе животот и успехот.

Жената е мистерија додека не почнеме искрено да разговараме со неа. Ние мажите имаме големо его и мислиме дека сè мора да биде по наше. И јас сум бил таков, но кога почнав повеќе да ја слушам мојата сопруга Габриела и поотворено да разговарам со неа, почнав и повеќе да ја разбирам“, призна Зафиров.

Тој се осврна и на очекувањата што младите денес ги имаат од љубовните партнери, посочувајќи дека многумина бараат совршенство уште на почетокот на врската.

Денес младите бараат совршенство. Бараат веднаш од партнерот да има убав автомобил, да одат на убави одмори, да изгледа убаво. Јас кога се земав со Габриела, немав ништо. Ајде, можеби само изгледав малку убаво. Сè што стекнав, стекнав со нејзина поддршка и заедно стигнавме до одредено ниво, кога таа се гордее со мене и јас со неа“, раскажа тој.

„Ако сум рамнодушен кон Габриела, тоа значи дека не ја сакам“


Поврзани објави

На прашањето што е поголем проблем во една врска – љубомората или рамнодушноста, Зафиров без двоумење призна дека е љубоморен, но објасни и како ја доживува таа емоција.

Нормално дека сум љубоморен. Ако сум рамнодушен кон Габриела, тоа значи дека не ја сакам и не се грижам за неа. Единствено не сум љубоморен кога ќе си легнеме навечер и ќе се фатиме за рака и знам дека е до мене“, откри бодибилдерот.

Според него, тајната на нивната блискост е во секојдневното внимание и заедничкото поминување време. Од утринските пораки и малите романтични изненадувања до заедничките тренинзи и вечерите поминати заедно – нивната поврзаност се гради преку мали, но постојани гестови.

Од кога ќе станеме наутро, па до вечер, јас и Габи си посветуваме внимание, дали преку пораки, дали ќе ѝ испратам цвеќе, дали ќе одиме во вежбалница заедно, ќе си легнеме заедно… Така што, јас воопшто немам време и простор да помислам или да се посомневам на неверство“, вели Зафиров.

Неговата порака е едноставна: љубовта не се одржува само со големи ветувања, туку со внимание, разговор, поддршка и со свесната одлука двајцата партнери да растат заедно.

Фото и видео: Инстаграм