Ива Матевска има само 14 години. На возраст кога треба да сонува, да учи, да се дружи и безгрижно да го живее своето детство, таа се соочува со најтешката животна битка – битката за своето здравје и за можноста повторно да оди.
По ненадејно крвавење во ’рбетот, Ива останала парализирана од половината надолу. По 30 дена лекување во Македонија, без посакувани резултати, семејството било принудено да побара спас во Турција.
Денес Ива се лекува во болницата „МЕДИКАНА“ во Истанбул, на Одделот за неврологија. Нејзината примарна дијагноза е параплегија – целосна неподвижност на долните екстремитети. И покрај досегашните испитувања, вклучително и ангиографијата, точната причина за нејзината состојба сè уште се утврдува. Пред лекарите стои сложен и неодложен процес, во кој секој ден е важен.
Според конзилијарниот наод од специјалистите во „МЕДИКАНА“ од 27 октомври 2026 година, од суштинско значење е лекувањето да продолжи без прекин, со координиран и мултидисциплинарен пристап. Тоа вклучува:
- Завршување на дијагностичкиот процес за утврдување на причината за параплегијата.
- Интензивна невролошка терапија и медикаментозен третман.
- Континуирано специјалистичко следење поради ризикот од инфекции и други компликации.
- Интензивна физикална терапија и медицинска рехабилитација, со цел да се зачуваат постојните функционални способности, да се овозможи враќање на подвижноста колку што е можно и да се спречат трајни последици од неподвижноста.
Лекарите предупредуваат дека секое одложување или прекин на лекувањето и рехабилитацијата може да има сериозни последици врз здравјето на Ива, да доведе до дополнително губење на функционалните способности и да го отежне нејзиното идно осамостојување.
За продолжување на лекувањето се потребни 36.000 евра. Тоа се средства што семејството не може самостојно да ги обезбеди, а кои не се одобрени од Фондот за здравствено осигурување.
Затоа денес, во име на Ива и нејзиното семејство, упатуваме апел до сите хумани луѓе, компании, институции и организации: да подадеме рака и да помогнеме нејзината борба да продолжи!
Поврзани објави
Можеби за некого 100, 500 или 1.000 денари не се голема сума. Но кога многумина ќе се обединат, и најтешката финансиска пречка може да стане совладлива. Секоја донација, без разлика на износот, е важна. Доколку не сте во можност да донирате, споделете го апелот. Можеби токму преку вас ќе стигне до човекот што може да помогне.
КАКО МОЖЕТЕ ДА ПОМОГНЕТЕ?
Податоци за донација:
- Примател: Владимир Матевски (родител на Ива Матевска)
- Банка: ПроКредит Банка
- Жиро-сметка: 380178643500109
- Цел на дознака: Донација за лекување на Ива Матевска
Ива има само 14 години. Пред неа треба да има уште толку многу детски радости, соништа и планови. Да не дозволиме недостигот од финансиски средства да ѝ ја прекине можноста да продолжи со лекувањето.
Да бидеме нејзина поддршка кога ѝ е најпотребна.
ДОНИРАЈТЕ. СПОДЕЛЕТЕ. ПОМОГНЕТЕ ИВА ДА ЈА ПРОДОЛЖИ СВОЈАТА БИТКА!
Текст: Убавина и здравје