Вештачката интелигенција станува наш секојдневен соработник, но колку навистина можеме да им веруваме на нејзините одговори? Панел-дискусијата „Мојот на-AI-добар пријател“ на Профемина 2026 ги отвора прашањата за довербата во технологијата, критичкото размислување и границите на дигиталната помош.
Вештачката интелигенција сè повеќе го менува начинот на кој работиме, учиме и доаѓаме до информации. Но, кога AI станува наш личен асистент и советник, важно е да знаеме колку можеме да се потпреме на нејзините одговори и да ги препознаеме нејзините ограничувања.
Иако овие алатки ни помагаат побрзо да ги завршуваме задачите и да истражуваме нови идеи, критичкото размислување и проверката на информациите остануваат неопходни. Во фокусот на дискусијата е како да ја искористиме моќта на вештачката интелигенција, а притоа да ја зачуваме способноста самостојно да размислуваме и да донесуваме одлуки.
За темата разговараат Илија Јованоски, експерт за дигитална трансформација; Никола Дукоски, психолог и психотерапевт; Викторија Лоба, естрадна уметница и инфлуенсерка; и Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија. Низ различни професионални перспективи, панелистите го разгледуваат влијанието на AI врз секојдневието и начинот на кој технологијата може да се користи паметно, одговорно и со сопствен став.
И јас од старт почнав да ги персонифицирам чет ботовите, тоа е моментот на размислување дали сакаме да ги олицетвориме чет ботовите на себе или не. Тоа го должиме на неизвесноста па затоа пробуваме вака да размислуваме, како што во секојдневието често слушаме дека сакаме децата да личат на родителите. Во секој случај чет ботот не може да емпатизира, тој учи само како да дава одговори кои ќе ја поттикнат. Кога се спремаат моделите најпрво тие читаат се што ние како луѓе сме создале и произвеле. Тое огромнаа количина која ја апсорбира чет моделот, а вториот дел е како е истренирана односно каква е интеракцијата со луѓето кои ја користат. Од тука доаѓа моментот АI и да дава грешни податоци тие да звучат точно“, вели Илија Јованоски, експерт за дигитална трансформација
За Викторија Лоба, клучно е користењето на вештачката интелигенција да оди рака под рака со автентичноста и транспарентноста.
Во денешно време е многу тешко да се препознае дали нешто е АI или реално, бидејќи технологијата многу е напредната. Содржините кои пак јас ги споделувам на социјалните мрежи ссакам да ја задржам автентичноста иако користам АI алатки, но кога во целост или делумно ја користам сакам да нагласам дека е со АI алатки, публиката јасно да знае, особено ако е помлада“, вели Викторија Лоба, естрадна уметница и инфлуенсерка
Никола Дукоски, психолог и психотерапевт, прави разлика меѓу функционирањето на вештачката интелигенција и човечкото размислување, посочувајќи дека нејзините технолошки основи се развиваат со децении.
Поради мојата струка сум бил приморан да го следам развојот на АI и тој модел e стар 80тина години, каконевроните добиваат сигнол, па од тука е развиена вештачката интелигенција и тука завршува целиот процес. АI не размислува како нас во никој случај“, вели Никола Дукоски, психолог и психотерапевт
Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија, објаснува дека начинот на кој функционира вештачката интелигенција се темели на статистички модели и тежински фактори, кои влијаат врз одговорите што ги добиваме. Таа нагласува дека јасно формулираните барања се клучни за резултатите да одговараат на нашите очекувања.
Поврзани објави
Тежинскиот фактор на векторите е тој кој одлучува кај АI исто како неврноните кај човекот. Затоа тоа што ќе го добиеме дали ни се доапаѓа или не зависи од тежинскиот фактор, односно ако ние не дадеме јасни насоки кон што целиме нема да добиеме јасна слика односно тоа што сме го очекувале. Ние секогаш кога од чет бот бараме инфо ние веќе имаме некои одговори кои само ќе ни ги потврди или не. Тоа е исто како да земеме да читаме погрешна книга. Кај Аi најважна е статистиката односно колку ми е блиско тоа што го бараме, а тоа значи колку е голем тежинскиот фактор во базата. Затоа се јавува чувство дека чет ботовите размислуваат“, вели Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија
Различните професионални перспективи на панелистите го осветлуваат влијанието на вештачката интелигенција врз нашите навики, одлуки и меѓучовечки односи. Во фокусот е како да ги искористиме предностите на технологијата, без да ја занемариме сопствената процена.
Во време кога AI ни нуди брзи одговори и готови решенија, критичкото размислување е поважно од кога било. Вистинскиот предизвик е да знаеме кога да ѝ веруваме на технологијата, кога да ги провериме информациите и кога да се потпреме на сопственото расудување.
Кога АI ви дава многу сигурен одговор важно е да прашаме дали и колку е сигурен чет ботот. Моделот нема свое интерно мислење – став кој го брани, се менува само вашиот одговор како поминува низ базата, односно мрежата. Најголем мит е дека вештачката интелигенција има став, таа следи ние што ќе дадеме. За најлесно да одговориме ќе ја искористам народната фраза – Какво прашање таков одговор. Затоа во секој случај треба да сфатиме дека АI секогаш се води по нашите насоки, така конструира одговори. Очигледно е дека во иднина ќе има и професии кои ќе бидат проверувачи на AI“, вели Илија Јованоски, експерт за дигитална трансформација
Лоба прави јасна разлика меѓу користењето на вештачката интелигенција како практична алатка и нејзината примена во креативниот процес. Таа ја нагласува важноста на човечките емоции, личното искуство и транспарентноста во означувањето на содржините создадени со AI.
Песна во никој случај не би доверила на АI, но затоа секогаш би му дала задача за некои бирократски активности како изработка на презентации и слично, но секако под силен надзор и со јасни и темелни упатства. Сакам да бидам во тек и морам да користам AI особено за истражување на музички правци. Веќе долго време имам наместано да ми ги проверува секој понеделник најголемите музички новитети. Незаменливо е директното преживување, емоциите… Кога ќе слушнам AI песни страшно ме „убива“ споредувајќи со тоа колку време сум учела и вложувала. Мора во иднина да се исткнува што е направено од вештачка интелигенција, а што не. Имаше скоро случај на Греми да одбијат веќе истакната песна затоа што беше направена со AI, бидејќи во никој слуачј не можеше да се мери со останатите дела“, вели Викторија Лоба, естрадна уметница и инфлуенсерка
Никола Дукоски, психолог и психотерапевт, посочува дека односот кон вештачката интелигенција зависи од личните ставови и начинот на кој ја доживуваме нејзината улога. Тој нагласува дека AI може да биде корисен асистент и извор на информации, но не и замена за човечкото разбирање, емоциите и самостојното донесување одлуки.
Се дури луѓето имаат став имаат и страв. Зависи на што се потпираме односно дали ја префрламе топката на некој друг или во случајот AI. Луѓето кои по природа се поскептични со вештачката интелигенција ќе бидат уште повеќе, но и обратно. Од тука логично доаѓа констатацијата дека е вежно низ која призма гледаме, кај AI е когнитивно мислење, нема човечки момент во никој случај. Кога пак се работи за лични ставови кога го прашуваме АI може да го сметаме само како „чирак“ кој ни нуди повеќе извори, но во никој случај не може темелно да не разбери и да следи емоции. Заклучокот е дека на овој начин вештачката интелигенција ја користиме како асистент, поддршка но во никој случај решение бидејќи за некои работи нема. Кога имаме постајано сложување тоа не е добро, а AI често баш тоа го прави“, вели Никола Дукоски, психолог и психотерапевт
Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија, ја истакнува важноста на автентичноста, човечкиот пристап и заштитата на личните податоци при користењето на вештачката интелигенција. Таа нагласува дека AI треба да биде поддршка, а не замена за човечката комуникација, емоциите и емпатијата.
Има работи кои се наши, па затоа А1 секогаш се труди да виде уникатен и автентичен и затоа AI никогаш не е наш глас со клиенти, туку е наш асистент. Кога ќе се обрати А1 се обраќа човек, а не вештачка интелигенција. Што смееме да споделуваме од податоци на AI зависи што сакаме да споделиме, но во никој случај не смееме лични податоци како матичен број и слично, но затоа сите повеќе или помалку споделуваме емоции преку фото и видео елементи. Споделувањето доаѓа како резултт на емоциите во човекот што го прави различен од било која машина, но за жал се чини дека се помалку имаме емпатија“, вели Елинда Стојанова Милошеска, менаџерка за дигитална трансформација во А1 Македонија
Профемина 2026 се одржува на 29 октомври во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, собирајќи учесници на конференција посветена на актуелните теми, предизвици и можности во современото општество. Настанот започна во 10:00 часот.
Фото и текст: Убавина и здравје