Почетна Убавина и здравјеЗад совршените фотографии се кријат приказни што заслужуваат да бидат слушнати – Убавина и здравје

Зад совршените фотографии се кријат приказни што заслужуваат да бидат слушнати – Убавина и здравје

од nenad
3 минути читај за

Нина Ред отвора искрен разговор за менталното здравје, притисокот на социјалните мрежи и храброста да си дадеме простор за себе.

Што се случува зад совршените фотографии, насмевките и постојаната активност на социјалните мрежи?

Токму овие прашања се во фокусот на Профемина 2026, каде што Нина Ред отвора разговор за предизвиците на животот изложен на јавноста, грижата за менталното здравје и потребата да направиме пауза кога светот очекува постојано да бидеме присутни.

Дискусијата нè поттикнува да размислиме колку често она што го прикажуваме пред другите се разликува од она што навистина го чувствуваме. Организацијата на настани во живо носи голем предизвик и огромна одговорност, особено кога станува збор за реализација на ваков тип аудиовизуелни проекции како поткаст во живо.

За првпат се пуштивме во таков оган и мислевме дека еден човек или двајца-тројца можат да го изнесат ваквиот настан, но навистина не е воопшто наивно кога зад него стојат толку многу луѓе во организацијата. Сепак, добро е како помина со оглед на обемот на работата и што сè требаше да се испланира. Научивме голема лекција за тоа како изгледа тежината и одговорноста да изнесете подкаст во живо, каде што сè треба да се помине како што треба, гостите да бидат задоволни, а секој момент да биде снимен и сликаен. Првиот роденден на „Ресет“ и првиот голем предизвик нè извадоа од комфор-зоната, но убаво е да се излегува и да се тестираме колку можеме. Најважно од сè е што успеавме да го реализираме овој настан со нашата специјална гостинка, регионалната инфлуенсерка Дуња Јованиќ, и да ги исполниме очекувањата на публиката. Остануваме приземни и учиме од лекциите за секогаш да бидеме подобри“, вели Нина Ред.

Во фокусот е и новата сезона на „Reset Chat“, која отвора важни прашања за личните граници, емоционалната благосостојба и притисокот секогаш да бидеме достапни и активни онлајн.


Поврзани објави

Сакам да се активираме повеќе околу домашните; ова беше само еден убав почеток, една убава увертира. Меѓутоа, кога истражував кој да ни биде гостин во втората сезона, верувајте ми дека имаме многу, многу квалитетни јавни и помалку јавни личности кои заслужуваат своја минута во еден таков формат на разговор. Многу сме со целиот фокус на само некои одредени јавни ликови, а сме толку богата нација со навистина звучни и надвор од нашата држава познати и признаени личности кои навистина заслужуваат своја минута кај нас, така што ќе размислиме и нешто ќе балансираме“, вели Нина Ред.

Преку искрен разговор, се потсетуваме дека грижата за себе не е слабост, повлекувањето не е пораз, а понекогаш најважниот чекор напред е да застанеме и повторно да се поврземе со себе.

Премногу се оптоваруваме со размислување, она што во современ речник го викаме overthinking, и тоа само нè заглавува во постојан замор. Затоа многу ни помагаат физичките активности, како што се спортот или дури и учењето нови јазици, бидејќи така го одмораме мозокот од прекумерното мислење. Кога ќе се посветиме на нешто друго – било тоа да е тренинг или друга активност – се ослободуваме од стресот и се чувствуваме како да се преродуваме секое утро“, вели Нина Ред.

Зад дигиталната слика за секојдневието често се кријат несигурност, емоционален замор и потреба од одмор, теми што сè почесто го отвораат прашањето за влијанието на социјалните мрежи врз менталното здравје. Разговор за искреноста кон себе, грижата за менталната благосостојба и важноста на личните граници во време кога постојаната достапност станува секојдневие.

Конференцијата Профемина 2026 се одржува денес, 29 октомври, во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот. Настанот обединува актуелни теми, отворени разговори и дискусии за предизвиците на современото живеење.

Фото и текст: Убавина и здравје