Може ли современата наука да понуди повеќе од класичната нега на кожата и косата? Кои иновативни пристапи и патентирани технологии стојат зад производите што привлекуваат сè поголемо внимание?
На оваа студија на случај Ивана Емел Атанасовски-маркетинг менаџер на РЕПЛЕК и д-р Златко Максимов бренд-специјалист на РЕПЛЕК ги открија современите решенија за нега преку презентација посветена на Fillerina® и Crescina® – швајцарски брендови што ја спојуваат козметичката иновација со напредните технологии.
Емел Атанасовски ја почна оваа студија на случај со темата дека денес многу се зборува за хијалуронската киселина, а во производот Fillerina има дури 12 молекули од истата. И ова се молекули со различна молекуларна големина. Со ова се овозможува вистинско нивелирање на брчките на пациентот.
Доктор Максимов објасни дека со употреба на филерината се добиваат одлични резултати без употреби на игли и без никаков притисок кој би ја повредил кожата.
Тој истакна дека ФИЛЕРИНАТА е револуционерен пронајдок и дека од сите на кои е применета, кај дури 90% е забележано значително нивелирање на брчките
Во врска со појдовната точка за употреба на филерината, двајцата претставници на РЕПЛЕК потенцираа дека прв чекор е добрата информираност, па врз основа на тоа се прави индивидуален пристап до пациентот кој ја употребува.
Максимов акцентираше дека ако еден прозивод е добар за него не мора да значи дека е идеален за друг. Па е потребно внимателно да се одбере што на вас најдобро ви влијае.
Поврзани објави
Што се однесува до прашањето кога е вистинско време за употреба на филерината двајцата соговорници истакнаа дека производот може да одговара за лица до 30, до 40 и 50 години. Притоа е важна структурата на кожата и нејзините потреби. Клулно е и колку ќе се задржат молекулите во кожата.
Третманот со филерина трае 14 дена – секојдневна употреба. Филерот се нанесува на чиста кожа а пиењето на чаша вода при самиот третман ја зголемува абсорпцијата.
По овие 14 дена тие ги посоветуваа присутните да продолжат со употреба на дневна и ноќна крема која тие ќе им ја препорачаат.
Бренд менаџерката на РЕПЛЕК – Ивана Емел Атанасовски го заокружи разговорот со совет дека ние ниту можеме да го запреме времето, ниту стареењето, но можеме да најдеме начин за правилен пристап на нега на најголемиот орган во човековото тело – кожата.
На конференцијата беше претставено и луксузното и премиум искуство од употреба на Crescina®, која влијае за подобрување на квалитетот на косата. Ефективноста од употреба на КРЕШЧИНА се покажала на дури 99% од испитаничките кои учествувале во испитувањето.
Секој премиум производ мора да е дизајниран индивидуално за вас, а крешчината доаѓа во две различни формули.
Секако тимот на РЕПЛЕК истакна дека за трајни и видливи резултати е потребна верба и трпение.