Десерт по рецепт на фитнес-инструкторката Марина Горњивска
Тирамисуто е еден од омилените десерти на многумина, но лесно е да се претера со него и да се внесат повеќе калории одошто треба. Токму затоа, ви предлагаме да го пробате рецептот на Марина Горњивска (marina_fidgym) – тирамису со многу протеини и без додаден шеќер. Пробајте!
Состојки:
- 150 г грчки јогурт без лактоза
- 20 г чиа-семе
- 30 г протеин со вкус на ванила
- 100 мл незасладено бадемово млеко
- инстант-кафе и засладувач по вкус
- какао за одозгора
Приготвување:
Сите состојки се мешаат убаво и се посипува какао. Потоа, се остава во фрижидер за да набабри чиа-семето.
Поврзани објави
Целата порција има околу 330 калории и 43 г протеини, во зависност од јогуртот и протеинот.
Погледнете како да го приготвите ова протеинско тирамису во видеото во продолжение…
ФОТО: ИНСТАГРАМ