Доколку вашите нокти се оштетени од гел или гел-лак, или се со слаб квалитет, добрата вест е дека неколку едноставни промени можат да придонесат за нивниот подобар изглед. Потребни се само малку време и упорност.
Исто како што длабоко се грижиме за сувата, премногу третирана коса, од клучно значење е да се грижиме за ноктите и кутикулите. Направете пауза од маникирот со гел или гел-лак, бидејќи тоа може да доведе до истенчување на ноктите. Се разбира, слабите нокти не произлегуваат само од третманите со салонски гел.
Не за „голите нокти“
Според експертите, постојат две категории на оштетување на ноктите. Првата категорија се причините кои тешко се спречуваат, како што се генетиката, стареењето и одредени медицински состојби, па некои од овие штети се едноставно неизбежни.
Втората и почеста категорија се состои од причини кои полесно се контролираат. Ноктите исклучително добро ја апсорбираат водата, дури и повеќе од кожата. Кога ноктот впива вода, тој врши огромен притисок врз клетките на ноктите, што може да доведе до лупење, кршење и слабеење на ноктот.
Се препорачува да се носат ракавици при миење садови, работа со вода или физичка работа. Токму ова е причината поради која се советува да не ги оставате ноктите „голи“ Со нанесување на слој лак, ги заштитувате ноктите од апсорпција на вода, што значи дека е помала веројатноста да се излупат или да пукаат. И ацетонот има тенденција особено да ги суши ноктите, така што може да ја влоши кршливоста на ноктите.
Состојки за поцврсти нокти
Поврзани објави
Најдобро е да изберете формули за обновување кои содржат состојки како соја и имаат дополнителни навлажнувачки придобивки од маслата. Кога купувате навлажнувач за нокти и кутикули, барајте производи богати со фосфолипиди, за кои е докажано дека ја зголемуваат флексибилноста на ноктите, со која се борат против кршливоста.
Масирајте го производот во ноктите и кутикулите неколку пати на ден. Фосфолипиди ќе најдете во производите што содржат сончогледово масло и масло од бразилски ореви. Исто така, побарајте производи кои имаат гликолна киселина во својот состав, бидејќи докажано е дека ги подмладува ноктите.
Исто како што правиме пилинг на нашата кожа за да ги отстраниме површинските слоеви на мртвите клетки, оваа стратегија се однесува и на нашите нокти. Откако ќе се отстрани оштетениот слој на клетките на ноктите, секој производ што ќе го нанесете ќе се апсорбира подобро – помагајќи да се хидрира и да се зајакне ноктот.
Направете сами
Пилингот за нокти може да се направи и дома. Инфлуенсерката на Инстаграм @parabelllbeauty објави видео кое собра повеќе од милион лајкови, во кое објасни како едноставно да направите третман за побрзо зајакнување и растење на ноктите. Имено, во садот се истураат неколку лажички маслиново масло и неколку лажички сок од лимон.
Потоа прстите се потопуваат во садот, но важно е ноктите цело време да бидат целосно во маслото. „ТикТок“ е преплавен и со видеа од девојки кои 20 минути ги киснат прстите во чинии само со маслиново или рицинусово масло, што е исто така фантастично за ноктите.
Подготвила: Надежда Јокиќ