Почетна СветМисајловски: Професионалните војници може да останат и како цивилни лица во Армијата, трајно се решава нивниот статус (ВИДЕО)

Мисајловски: Професионалните војници може да останат и како цивилни лица во Армијата, трајно се решава нивниот статус (ВИДЕО)

од nenad
3 минути читај за

Foto: Facebook/Vlado Misajlovski

Слушнат гласот на професионалните војници. По разговорите со претставниците на синдикатите во одбраната, Министерството за одбрана со трајно решение за статусот на професионалните војници по навршување на нивната 45 година од животот.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски на денешната прес-конференција истакна дека со претставниците на синдикатите заеднички ја изготвиле оваа реформа која засекогаш ги решава предизвиците со кои се соочуваат нашите војници.

Мисајловски нагласи дека професионалните војници се столбот на Армијата и во најголемиот дел од својот професионален ангажман даваат се’ за ние да бидеме безбедни, помагаат секогаш и секаде каде што се потребни на граѓаните.

-Реформата значи дека македонските професионални војници конечно и заслужени ќе можат да бидат задоолни и ќе бидат сигурни во својата иднина и по 45-та година од животот. Правиме историски чекори и го решаваме статусот на професионалните војници. Остануваат сите опции кои и претходно беа во законот, секој војник кога навршува 45 години ќе има можност да добие испратнина односно две просечни плати и зависно колку години поминал стаж ќе ги добива како испратнина. Ова останува. Останува и опцијата секој еден војник што сака да замине во друга институција, ќе биде овозможено бидејќи законот го дозволува. Голем дел од нив сакаат да останат во Министерството за одбрана, и тоа е една од опциите кои ја имаат. Но, со оваа реформа правиме решение секој еден професионален војник да може да остане и како цивилно лице во Армијата. Ова значи дека ќе имаат уште една опција, сите да можат да бидат дел од АРМ и да ги имаат сите права се додека наполнат години за старосна пензија, истакна Мисајловски.

Министерот посочи дека оваа реформа била работена подолго време, а произлегува од Армијата и е поддржана од синдикатите во одбраната. Додаде дека и во иднина ќе продолжат да го решаваат секое едно прашање кое ќе се појави.

Поддршка за ова решение во однос на статусот на професионалните војници по нивната 45-та година, е добиена и од претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која е врховен командат.

Првиот човек на одбраната посочи дека разговарал со министерката за финансии и најави дека набрзо ќе биде потпишан колективниот договор, но и дека ќе има зголемување на платите.

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски нагласи дека со оваа реформа ќе се реши едно од клучните барања на професионалните војници кои навршуваат 45 години, а тоа е да им се промени работниот статус од определено на неопределено време.

-Со ова решение важната обврска за обезбедување на имотот и лицата на Армијата во гарнизоните и касарните ќе биде превземена од професионалните војници кои ќе бидат распоредени во тие единици. Ќе биде потребно да се направат неколку следни чекори и активности кои ќе бидат во доменот на дефинирање на тие единици, формации каде ќе влезат професионалните војници кои го исполнуваат овој услов и како такви ќе бидат испратени до претседателката за потпишување на дополна на формацијата на Армијата, се со цел да се формализира таа потреба, објасни Лафчиски.

Началникот посочи дека со промената на статусот, професионалните војници ќе ги остварат истите права кои ги имаат и останатите припадници на Армијата, како што се месечните примања и сите додатоци на плата.

На прес-конференцијата присуствуваа и претставници на синдикатите.


Post Views: 72

Извор : vesnik-ilinden.com

Мисајловски: Професионалните војници може да останат и како цивилни лица во Армијата, трајно се решава нивниот статус (ВИДЕО)