Прекинот на работа на инфраструктурата „Гугл клауд“ (Google Cloud) денеска предизвика проблеми во повеќе интернет услуги, банкарските апликации малопродажните синџири и компаниите за достава во Велика Британија и други европски држави.
Од прекинот погодени се давателите на финансиски услуги „Револут“ (Revolut), „Лојдс банк“ (Lloyds Bank) и ХСБЦ (HSBC) како и синџирот за малопродажбата на производи за подобрување на домот „Сруфекс“ (Screwfix) и компанијата за достава ДПД.
Според извештаите, милиони корисници на „Револут“ не можеле да пристапат до своите сметки или да вршат плаќања со картички. Платформата за дигитално банкарство, која опслужува повеќе од 80 милиони корисници ширум светот, вклучувајќи 13 милиони во Велика Британија, соопшти дека некои услуги не биле достапни поради прекинот.
Имаме проблем со повеќе услуги во регионот „Јуроп-вест2“ (europe-west2), што почна вчера. Нашиот инженерски тим продолжува да го истражува проблемот. Се извинуваме на сите што се погодени од прекинот. Нашите тимови за производи и инженеринг активно работат на враќање на целосната достапност. Засегнатите корисници може да доживеат прекини на сесијата при пристап до безбедносните операции на „Гугл“, како и доцнења во процесите на платформата, се наведува во соопштението на „Гугл клауд“.