Почетна ЕкономијаНафтата поевтини, инвеститорите ги следат залихите и разговорите меѓу вашингтон и техеран

Нафтата поевтини, инвеститорите ги следат залихите и разговорите меѓу вашингтон и техеран

од nenad
1 минути читај за

Цените на нафтата забележаа пад на почетокот на тргувањето во четвртокот, откако на пазарите се намалија стравувањата од недостиг на сурова нафта.

Цената на фјучерсите на „брент“ се намали за 1,1 отсто, на 96,92 долари за барел, додека американскиот WTI поевтини за 1,4 отсто, на 89,18 долари.

На движењето на цените влијаеше постепеното обновување на извозот од земјите во Персискиот Залив. Саудиска Арабија повторно започна со товарење на нафта во пристаништето Јанбу, откако беше активиран и нафтоводот „Исток-Запад“.

Дополнителен притисок врз цените создадоа и најновите податоци од САД. Залихите на сурова нафта во земјата во неделата до 25 септември се зголемиле за 922.000 барели, достигнувајќи 427,3 милиони барели, покажаа податоците на американската Управа за енергетски информации.

Пазарот истовремено внимателно ги следи дипломатските контакти меѓу САД и Иран. Техеран соопшти дека добил одговор од Вашингтон на својот најнов предлог поврзан со обновување на нуклеарниот договор.

Нафтените пазари претходно забележаа значителен раст. „Брент“ во септември поскапе за околу 14 отсто, додека WTI забележа раст од приближно пет проценти.