Почетна Убавина и здравјеЕмина Јаховиќ откри дали поранешниот сопруг Мустафа е вмешан! – Убавина и здравје

Емина Јаховиќ откри дали поранешниот сопруг Мустафа е вмешан! – Убавина и здравје

од nenad
2 минути читај за

Пејачката Емина Јаховиќ првпат јавно се огласи за финансискиот скандал што во последните месеци ја потресува Турција, а во кој се споменува и семејството на нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал. Таа откри дали случајот имал какви било последици врз нејзиното семејство и дали Мустафа е поврзан со наводната проневера на речиси 200 милиони евра.

Емина Јаховиќ одлучи отворено да зборува за приватниот и деловниот живот, но во разговор за српскиот медиум „Блиц“ се осврнала и на аферата во која се најде во центарот на вниманието Мелис Сутшурп, сегашната сопруга на нејзиниот поранешен партнер Мустафа Сандал.

Според медиумските наводи, Сутшурп е обвинета за проневера на речиси 200 милиони евра од ликвидациски фондови. Случајот е предмет на судска постапка, а Емина нагласила дека нејзиниот поранешен сопруг нема никаква поврзаност со него.

„Мустафа нема никаква врска со тоа“

Тоа се некои работи со кои ни тој навистина нема никаква врска. Знам дека многу се пишува за тоа, но во моментов се водат судски постапки. Не сум толку упатена во целиот случај, бидејќи искрено, не ме интересира, ниту, пак, тоа е моја работа. Знам дека тој нема никаква врска со тоа, а ние како семејство немаме никакви последици – изјавила Емина за „Блиц“.

Постариот син се преселил кај татко му во Лондон

Пејачката зборувала и за семејните теми, откривајќи дека нејзиниот постар син се преселил во Лондон, каде што живее со Мустафа Сандал. Оваа промена, како што се наведува во написот, силно ја погодила Емина.


Поврзани објави

Таа првпат отворено проговорила и за операцијата на носот, признавајќи дека нејзината мајка била голем противник на одлуката да направи естетска корекција.

Емина искрено за разводот: „Ако нешто може да се спаси, треба да се спасува“

Говорејќи неодамна за разводот од Мустафа Сандал, со кого беше во долгогодишен брак, пејачката истакнала дека одлуката за разделба не треба да се носи импулсивно. Според неа, доколку постои можност бракот да се спаси, партнерите треба да се потрудат да го направат тоа, особено кога имаат деца.

Жената треба добро да размисли пред да се разведе, трипати да измери, а еднаш да пресече. Понекогаш разводот навистина е неопходен, а тоа е случај кога сте сигурни дека поради таа одлука никогаш повеќе нема да се покаете. Секако, треба добро да се размисли, бидејќи тревата секогаш е позелена во туѓиот двор. Ако нешто може да се спаси, треба да се спасува. На бракот треба да се работи, особено ако во врската има деца. Разводот е најлесен на хартија, а сè друго е многу посложено – изјавила таа за „Story“.

Не сака да ја запознае новата сопруга на Мустафа

Емина се осврнала и на односот со поранешниот сопруг, откривајќи дека нема желба да ја запознае неговата сегашна сопруга.

Апсолутно немам желба. Да ја имав, веројатно тоа досега ќе се случеше – заклучила пејачката.

Фото: Инстаграм