Неколку месеци откако стана мајка, Јанева сподели нов нежен момент со своето девојче, кое ѝ го промени секојдневието.
Александра Јанева ужива во најновата и досега најважна животна улога – мајчинството. Пејачката сподели фотографија од прошетка со својата ќеркичка Тина, која се роди на 28 мај годинава.
Мирните моменти со бебето денес се дел од нејзиното секојдневие, а Јанева уште во бременоста со голема возбуда зборуваше за промената што ја очекува. Во шестиот месец откри дека таа и сопругот Иван Ангелов веќе ѝ зборувале на својата неродена ќерка и со нетрпение се подготвувале за нејзиното пристигнување.
Уживам во секој еден ден од новонастанатата состојба“, раскажа тогаш пејачката, откривајќи дека бременоста ја поминувала лесно и дека и понатаму останала активна со снимања, работа во студио и пешачење.
По повеќе од десет години активно настапување, Александра одлучила да направи пауза од сцената. Настапувала до петтиот месец од бременоста, а потоа решила да забави и да се посвети на подготовките за мајчинството.
На 28 мај, желбата станала реалност – Александра и Иван за првпат станаа родители. Веста за раѓањето на Тина беше споделена со јавноста преку честитки и убавата порака:
Добре дојде најмило бебе Тина“.
Поврзани објави
Неколку дена подоцна Јанева објави и први фотографии од својата ќерка, придружувајќи ги со емотивните зборови:
Ти си доказ дека љубов постои“.
Оттогаш пејачката повремено открива дел од семејното секојдневие. Тина веќе го имаше и своето прво летно патување, а Александра сподели посебен момент од плажа – ја држеше ќеркичката во прегратка додека нејзините мали стапала за првпат го допираа морето.
Од сцената и микрофонот до прошетките, прегратките и малите семејни моменти – животот на Александра Јанева очигледно доби сосема нов ритам.
Screenshot socijalni mrezi