Од кремаст чизкејк до крцкави колачиња – кафето не мора да заврши само во шолјата, туку може да биде главна состојка и во омилените десерти.
Денеска, 1 октомври, се одбележува Меѓународниот ден на кафето – напиток без кој многумина не можат да го замислат почетокот на денот. Но, освен во шолја, богатата арома на кафето одлично се вклопува и во слатките, на кои им дава посебна длабочина и карактер.
По тој повод, издвојуваме интересен рецепт за десерт во кој кафето ја има главната улога.
Чизкејк со кафе без печење
Поврзани објави
За подлогата се потребни 230 грама мелени бисквити со путер, една лажица какао, 50 грама стопен путер и две лажици силно сварено и оладено црно кафе. За кремот се користат 400 грама крем-сирење, 70 грама шеќер во прав, 50 милилитри кафе, 300 милилитри слатка павлака, две лажици вода и едно пакетче желатин во прав.
Бисквитите се мешаат со какаото, путерот и кафето, па смесата се притиска на дното на калап од 20 сантиметри и се остава во фрижидер. Крем-сирењето се меша со шеќерот и кафето, додека слатката павлака се матка одделно. Желатинот се растопува на тивок оган, без да зоврие, па се додава во смесата со сирење. На крај се додава и матената павлака, а кремот се распоредува врз подлогата и се остава во фрижидер, најдобро преку ноќ.
Screenshot youtube