Во летниот период луѓето најмногу го јадат овошјето што содржи најмногу шеќер
Летните денови се идеални за консумирање свежо овошје. Но постојат овошки што содржат многу шеќер, па не би требало да претеруваме со нив.
Експертите откриваат кое овошје има најмногу шеќер и зошто би требало да ја ограничиме неговата консумација.
„Околу 200 г овошје дневно се сосема доволно, со тоа количество ќе внесете доволно од сите минерални што ви се потребни, како и диететски влакна. Што се однесува до свежо цедени сокови, добро е да се внесуваат 120 до 150 мл дневно, не повеќе. Треба да се внесуваат минимум 400 г зеленчук, односно четири порции. Зеленчукот не содржи шеќер, има минерални материи, диететски влакна што се неопходни за здравјето на целиот организам“, откриваат експертите.
Тие исто така објаснуваат и кои се последиците од претераното консумирање овошје.
„Доколку подолг временски интервал внесува големо количество на овошје, може да дојде до промена на гликорегулацијата, односно до пораст на гликемија, а самото тоа со текот на времето може да доведе до дебелеење, хиперинсулинемија и дијабетес тип 2.“
Овошје што содржи најмногу шеќер
„Сливите и грозјето содржат најмногу шеќер, бадијала не се зема гроздов шеќер. Што се однесува до лубеницата и дињата, неверојатно е тоа што лубеницата има повисок гликемиски индекс од дињата, иако дињата навиудм е послатка. Од друга страна, дињите содржат помалку вода, но сепак, се препорачува повеќе да се јадат дињи, кои имаат и поголема нутритивна вредност од лубениците.“
Поврзани објави
Експертите објаснуваат и кое овошје најтешко се вари и зошто.
„Сливите и крушите се најтешки за варење, бидејќи содржат голема количина на диететски влакна. Инаку, тие се исклучително здрави овошки. Што се однесува до кајсиите и праските, и двете се обоени овошки и содржат големо количество на бета каротен и други фитонутриенти, кои имаат антиоксидативна улога. Задолжително треба да се внесуваат капини, малини и сето друго зрнесто овошје кое е пребогато со фитонутриенти, бидејќи помагаат во борбата против карцином и слободните радикали, и го зајакнуваат имунитетот.“
Исклучително важно е да внесуваме до три литри вода дневно во текот на целата година, а во лето и повеќе, доколку е зголемена физичката активност.
Меѓутоа, експертите советуваат да не пиеме само вода од чешма.
„Не треба постојано да пиеме вода од чешма, туку и минерална понекогаш, бидејќи во летните месеци губиме големо количество на електролити, натриум и калиум, а тоа можеме да го внесеме преку минералната вода, доколку не внесуваме супи и чорби. Што се однесува до овошјето, лубеницата е овошјето што содржи најмногу вода, од зеленчуците тоа се краставицата и доматот, а краставицата може да ни ја надомести водата и да ни ја намали жедта во краток временски интервал.“
Експертите објаснуваат дали и колку ладните намирници ни помагаат да се разладиме и што помага најмногу за време на големите жештини.
„Претерано ладните намирници не го ладат организмот. Тука доаѓа до физиолошки ефект, кога ќе внесеме ладна храна, нашиот организам уште повеќе се труди да ја зголеми нашата телесна температура, па доаѓа до загревање. Но не можеме намирниците да ги чуваме на собна температура, бидејќи таа е прилично висока и може да доведе до развој на бактерии. Во овој период најмногу можат да нè разладат млечните производи како јогурт, кефир, кисело млеко, па дури и слатко млеко понекогаш“, порачуваат тие.