Почетна Убавина и здравјеСпенџарска откри како си поминала во Прага! – Убавина и здравје

Спенџарска откри како си поминала во Прага! – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Прага ги надминала нејзините очекувања

Познатата водителка Јелена Спенџарска неодамна се врати од Прага и не го крие своето воодушевување од чешката престолнина. Иако немала високи очекувања, самата се уверила дека градот е магичен.

„Ми зборуваа луѓе пред да дојдам, но не сум сфаќала толку сериозно. Сега РАЗБИРАМ! Секое ќоше е толку убаво направено, сакаш постојано да сликаш, како да си во некоја сликовница“, пишува таа во својата објава.


Поврзани објави

За време на својата посета на Прага, Јелена ги истражувала уникатните улици на градот, дегустирала разни специјалитети, го посетила Скаутскиот институт, пиела кафе во виралниот кафе-бар Avoid и им се воодушевувала на грандиозните градби.

„Нели има некои места кои еднаш ќе ги посетите и толку, дојдов-видов-си заминав?! (На пример такво место за мене е Тунис) А, има и такви кои ви прават нешто во психата или во душата и едноставно не можете да им се наситите, сакате уште и уште…. Само нареден пат доаѓам со куфер, нема да се зезнам како сега со ранчето, неееее“, раскажува водителката.

Па доколку немате идеја за вашето следно патување, ставете ја Прага на вашата листа – Јелена гарантира дека нема да се разочарате.

ФОТО: ИНСТАГРАМ