Чарна Невзати ја објави најслатката фотосесија досега и ги разнежни обожавателите
По изборот за мис на светот во 2025 година, каде што таа блесна не само со убавина, туку и со став, интелигенција и харизма, нашата Чарна Невзати продолжи да реди успеси како моделка, додека паралелно ги заврши и студиите на Правниот факултет.
Таа е вистински доказ дека убавината не е спротивна на умот туку негова сојузничка и со тоа ги освои симпатиите на пошироката јавност.
Сега повторно ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со најслатката фотосесија досега!
Имено, на својот инстаграм-профил Чарна објави фотографии со нејзиното кученце, по повод неговиот осми роденден.
Поврзани објави
„Среќен 8-ми роденден, бебе мое“, напиша таа под фотографиите на кои позира со својот домашен миленик.
Инаку, денес официјално започна новата академска година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, па меѓу свечените обраќања беше и тоа на Чарна Невзати која на бруцошите им посака добредојде и успешен почеток на факултетските студии. Вистинска инспирација за младите!
ФОТО: ИНСТАГРАМ