Македонската пејачка сподели фотографии од посебниот ден на 10-месечната Талија, која во бело фустанче со голема црвена панделка ги украде симпатиите.
Елена Јовческа приреди посебна прослава за крштевањето на својата 10-месечна ќеркичка Талија. Македонската поп-фолк пејачка сподели видео и албум со фотографии од свечениот ден, исполнет со семејна радост и убави моменти.
Малата Талија изгледаше преслатко во бело фустанче, дополнето со голема црвена панделка на задниот дел. Фотографиите откриваат дел од атмосферата на прославата, која семејството ја посвети на нивната најмала и најголема радост.
Еден посебен ден за нашата најголема љубов. Ден исполнет со насмевки, прегратки, љубов и најубави спомени. Среќна крштевка, ќерко моја!“, напиша Елена покрај објавата.
Поврзани објави
Пејачката упати и емотивна порака до својата ќерка, посакувајќи ѝ целиот живот да ѝ биде убав како денот на прославата. Елена минатата година, на Митровден, 8 ноември, сподели дека станала мајка.
Screenshot Instagram