Почетна Убавина и здравје„Не, никогаш! Зошто повторно да ја направам истата грешка?“ – Убавина и здравје

„Не, никогаш! Зошто повторно да ја направам истата грешка?“ – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Пејачката отворено зборуваше за партнерот Лука, разводот, децата и најемотивниот албум во нејзиниот живот.

Тамара Тодевска беше гостинка во емисија каде отворено зборуваше за музиката, новиот албум „Кукла жива“, приватниот живот и периодот низ кој минува. Посебно внимание привлече нејзиниот став за бракот по разводот од Александар Димитровски – Мачка.

Пејачката со многу убави зборови зборуваше за партнерот Лука, со кого е во врска три и пол години. Таа откри дека во периодот исполнет со различни животни предизвици тој ѝ бил голема поддршка.

Си го заслужив Лука да ми дојде во животот“, рече Тодевска, додавајќи дека и нејзините деца, Хана и Дарен, многу го сакаат.

На прашањето дали би се впуштила во втор брак, Тамара беше категорична:

Не, никогаш! Зошто да ја направам пак истата грешка?“


Поврзани објави

Таа објасни дека за неа бракот не е листот хартија, туку заедничкиот живот, комуникацијата, љубовта, поддршката и начинот на кој партнерите ги надминуваат проблемите заедно. Сепак, на прашањето што би се случило ако Лука клекне пред неа, низ смеа призна дека веројатно би кажала „да“.

Инстаграм

Тодевска се расплака кога зборуваше за новиот албум, кој го опиша како најемотивен во нејзиниот живот. Таа откри дека низ песните можела да ја препознае сопствената емоционална состојба по периодот исполнет со лични и професионални предизвици.

Инстаграм

Сите приказни се мои, сите песни биле дел од мојата душа“, рече пејачката, додека призна дека долго време била во голем грч.

Screenshot youtube