Почетна Убавина и здравјеПитбулката доби „здрава“ ужина, но нејзината реакција е хит на интернет, а и со право! Милиони луѓе реагираа на видеото (ВИДЕО)

Питбулката доби „здрава“ ужина, но нејзината реакција е хит на интернет, а и со право! Милиони луѓе реагираа на видеото (ВИДЕО)

од nenad
1 минути читај за



Наместо омиленото благо, Виолет доби парче пиперка бидејќи е на диета. Нејзиниот збунет поглед ги насмеа следбениците.

Питбулката Виолет, позната на социјалните мрежи како „House Hippo“, стана хит откако доби необична замена за својата омилена ужина. Наместо вообичаеното благо, овојпат пред неа се најде парче пиперка, а нејзината реакција привлече големо внимание.

Снимката ја објавила нејзината сопственичка на Инстаграм-профилот @househippoviolet, каде што собра повеќе од 121 илјада лајкови. На видеото се гледа Виолет како седи на каучот, додека чуварката, следејќи ги упатствата од сопственичката, ѝ нуди пиперка бидејќи кучето е на диета.

Виолет прво го зема парчето и почнува да го џвака, но набрзо застанува и збунето ја погледнува чуварката. Изгледа како да се обидува да сфати зошто наместо омилената награда добила зеленчук. Иако пиперката очигледно не била нејзиниот прв избор, на крајот сепак ја изела.


Поврзани објави

Токму нејзиниот израз на лицето ги воодушеви следбениците. Сопственичката се пошегувала дека Виолет изгледала како да вели:

Ветувам дека нема да кажам ако ми дадеш вистинска ужина“.

Еден од следбениците, пак, нејзината реакција ја опишал со коментарот:

Крцкав звук на предавство“.

Screenshot Instagram