Почетна Убавина и здравјеШто се случило со познатата актерка? – Убавина и здравје

Што се случило со познатата актерка? – Убавина и здравје

од nenad
1 минути читај за

Познатата пејачка и актерка, која играше во филмот „Сјаење“ на Стенли Кјубрик покрај Џек Николсон, е една од ѕвездите што си го смениле личниот опис низ годините

Холивуд се чини како место каде што убавината и славата се вечни сојузници. Но одредени познати личности од филмскиот свет, како Шели Дувал, кои некогаш ги краселе насловните страници и црвените килими, и биле обожавани поради изгледот и талентот, денес се речиси непрепознатливи. Без разлика дали причината е неизбежното влијание на староста, борбата со тешки болести или едноставната одлука да се повлечат од светот на гламурот, многу од овие ѕвезди одлучиле да живеат далеку од очите на јавноста.

Промените честопати се шокантни за обожавателите, кои ги паметат во нивните најблескави изданија. Но зад секоја трансформација се кријат приказни за борбата со предизвици и храброста да се живее автентично, без оглед на очекувањата на јавноста.

Шели Дувал (1949-2024) беше актерка, продуцентка и пејачка. Нејзината најпозната улога беше улогата на Венди Торанс во филмот „Сјаење“ (The Shining) на Стенли Кјубрик од 1980 година, каде што играше заедно со Џек Николсон.


Поврзани објави

Починала во 2024 година, на 75-годишна возраст, во својот дом во Бланко, Тексас, како последица на компликации предизвикани од дијабетес. Дијабетесот е хронична болест при која организмот или не го произведува или не го користи соодветно хормонот што го лачи панкреасот, инсулинот. Покрај со дијабетес, Шели се соочувала и со ментални здравствени проблеми, што станало јавно познато по нејзиното појавување во емисијата „Доктор Фил“ во 2016 година.

Шели своевремено била убавица, а непосредно пред смртта била фотографирана во драматично издание, видно запустена, седа и без предни заби.

ФОТО: Принтскрин Инстаграм @shelleyduvallxo